Конгресот во Мексико го одобри контроверзниот закон со кој се отвора државниот енергетски сектор за странски инвестиции, јавува ББС.
Новиот закон за енергетика им дозволува на приватните нафтени компании да експлоатираат нафта и плин заедно со државната компанија Пемекс за дел од прифитот, што се случува прв пат по далечната 1938 година кога овој сектор беше национализиран.
Членовите на опозицијата направија се за да оневозможат носењето на овој закон. Антонио Гарсија Конејо, член на ПРД, во знак на протест се соблече пред сите.
– Вака вие ја соголувате нацијата. Каде е користа од тоа? Не се срамам, но тоа што вие го правите е срамота, рече откако си ги соблаче пантолоните и чорапите.