Published: Friday, December 13, 2013 10:43
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Софија ќе се сретне со бугарскиот колега Кристијан Вигенин.
Предвидено е на средбата да се разговара за ставот на Бугарија во однос на петтата по ред препорака на Европската комисија за почеток на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.
„Добро го знаете нашиот став за Македонија. Се уште преговараме за договорот за соработка и добрососедски односи и очекуваме овој процес да се забрза“, истакна шефот на бугарската дипломатија, изјави неодамна шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин.




