НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспектори и полицајци ќе ги бараат изворите на загадување на воздухот

0
By Нова ТВ on October 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загадувањето на воздухот е еден од клучните проблеми кои ги мачат граѓаните, а во последните денови се актуелизира заради високото ниво на загаденост со ПМ10 честички во Скопје, Куманово и Тетово. Граѓаните се жалата дека воздухот во Скопје во вечерните часови има мирис на хемикалија и предизвикува печење на грлото и кашлање.

Скопје вчера се најде на петтото место на градови со најзагаден воздух, со 158 микрограми на кубен метар од ситните ПМ 10 честички, а во претходнииот ден полека почна да го зазема приматот и беше на десеттото место. Во целиот град вчеранаутро беше регистрирано загадување на воздухот над дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.

Премиерот Заев вели дека не може за две или три години да се постигне успех, но дека се превземаат конкретни мерки. Тој посочи дека се инвестира во начинот за греење во јавните инстутуции, во болници, градинки, во субвенции со инвентори, а најави дека следните вложувања ќе бидат во јавниот превоз, како и мониторинг во индустријата бидејќи анализите покажале дека 57 посто загадувањето е предизвикано од затоплувањето, а 28 посто од возилата и индустријата.

„Министерот за животна средина на денешната и утрешната седница на Влада најави иницијатива каде ќе бидат вклучени сите инспекциски органи, полицијата и сите други служби за да го монитирорираат јавниот простор, имаме непотребно палење на срништа, непочитување на законски норми, секој слободен ресурс ќе го реалоцираме. Го правиме тоа што цел свет го прави. Почитувањето на А и Б интегрираните дозволи е важно исто како јакнење на јавната свест на сите граѓани“, рече премиерот Заев.

Една од мерките е замена на мазутот со други еколошки енергенси што требаше да се направи во кумановска болница, во Затворот Ирдизово, во болницата за гинекологија во Чаир.

„Заврши постапката за гасификација во болницата во Чаир, договорот е веќе вклучен, градежните работи ќе почнат наскоро. Во кумановската болница имаше готов проект, но поради работата со ургентниот центар се прологира, тој е при крај и кога технички ќе се среди ќе ја почнеме постапка“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вкупно 17 здравствени установи во државата користат мазут или та го прават комбинирано со нафта .

На ваков начин се греат Клиничките болници во Тетово и Битола, Психијатриските болници во Скопје, Демир Хисар и Негорци, Специјалната болница за белодробни заболувања-Јасеново, специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ во Охрид, како и Геронтолошкиот завод „13 ноември“во Ѓорче Петров“. Очигледно, здравствените установи каде што треба да лекувааат, всушност предизвикуваат тешки последици по здравјето на луѓето.

Покрај болниците и касарните во Штип, Велес, Кичево, Тетово, Прилеп и Петровец се загреваат на мазут.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.