Кон крајот на минатата недела Европската иницијатива за стабилност истапи јавно со предлог за формирање на Европска економска зона меѓу земјите од Западниот Балкан како решение за премостување на француското вето (линк од нашиот текст за инцијативата) НОВА го контактираше претседателот на оваа иницијатива Гералд Кнаус кој одговори на нашите прашања во врска со овој негов предлог. Кнаус во интервјуто ја образложува неговата иницијатива за формирање Европска економска зона и зборува за перспективите на Балканот во актуелните сложени околности во ЕУ
Дали со овој предлог ставаме крај на проширувањето?
-Напротив – со овој предлог европската интеграција на балканските земји ќе напредува. Ние предлагаме Европската Унија да отвори пристапни преговори со шест земји од Западен Балкан за пристапување на европскиот единствен пазар, најголем во светот, со својата слобода на движење на луѓето, капиталот, добра и услуги. Ние предлагаме да се промени начинот на кој овие разговори се одвиваат, да ги направиме фер и трансформативни.
Крајната цел е секоја балканска земја која ги пресретнува условите да биде поврзана блиску до ЕУ како Норвешка, во таканаречената Европска економска зона. Самото зачленување во Европската економска зона е добра работа. Норвешка која е богата земја се уште и плаќа многу на ЕУ за тоа да биде дел од Европската економска зона, бидејќи нуди предности за нејзините граѓани и економија. Се разбира, Западниот Балкан не е богат и му треба помош за да ја стигне, па затоа ЕУ треба да ги зголеми грантовите и помошта, и да му дозволи да се приклучи на единствениот пазар. Зошто? Бидејќи стабилен, демократски, просперитетен Балкан е во интерес на ЕУ.
Сега граѓаните на С.Македонија можеби велат дека сакаат да се приклучат на ЕУ, ништо друго. Но дури и тогаш нашиот предлог е добар за нив. Како пристапувањето во Европската економска зона е поврзана со пристапот кон ЕУ? Ако пристапот кон ЕУ е маратон од повеќе од 42 километри, тогаш пристапувањето кон Европската економска зона се првите 35 километри по истата патека. Тоа не е спореден пат, или алтернативе, туку е истиот пат.
Тоа не е само моја теорија. Така беше во минатото. Јас тогаш бев млад, но се сеќавам добро, така Австрија, Финска и Шведска се приклучија кон Европската Унија пред повеќе од 20 години. Сите три прво пристапија кон Европската економска зона. Така, бидејќи веќе имаа исполето се што треба за влез во Европската економска зона, тие ги комплетираа пристапните преговори со ЕУ за многу кратко време. Да бидам прецизен, Европската економска зона стапи на сила во 1994, а Австрија, Шведска и Финска се приклучија на ЕУ во јануари 1995 година. Ова е важно, не постојат контрадикции помеѓу целта првин да се стане дел од Европската економска зона, а дури потоа од ЕУ. Напротив, тоа е логично. Сите преговарачи од Европската економска зона тогаш нотираа дека овие преговори подоцна придонеле за брз пристап и во ЕУ.
Што е со заложбата на ЕУ од Загреб 2000 и Солун 2003 за тоа дека местото на Западниот Балкан е во ЕУ? Дали може да ги заборавиме тие значајни документи?
-Овие заложби остануваат, се разбира. Во исто време знаеме дека овие ветувања кои се повторувани сите изминати 20 години, никогаш не гарантираа КОГА проширувањето всушност ќе се случи. Никој не може да го гарантира тоа. Секоја земја членка на ЕУ секогаш има право на вето. И тие тоа го користат. Колку пати С.Македонија беше блокирана од вето на една земја членка, и покрај безусловните препораки на Европската комисија за отпочнување преговори? Девет пати! Никој не знае подобро од Македонците дека најважното нешто е процес кој се заснова на заслуги, а не арбитрарни вета на секој чекор.
Затоа, мојот совет до балканските лидери е да ја фокусираат целата дипломатска енергија на менување на процесот, а не барање на гаранции кои никогаш нема да може да бидат дадени. Ние не знаеме кој ќе биде француски претседател во 2024.
Во моментов, многу земји членки на ЕУ ги сожалуваат С.Македонија и Албанија. Сожалувањето би требало да помогне да се реформира процесот. Ако не се реформира процесот, што ќе се случи кога ќе треба да бидат отворени првите поглавја? Повторно знаеме, Хрватска го помина тоа, исто и Турција.
Колку е веројатно да се реформира процесот на овој начин? Тешко е, но ако некогаш било време за тоа, тогаш тоа е сега. Тука е новата Комисија, тука е длабоката криза. Затоа ова е моментот да се предложи конструктивен предлог на масата кој ќе ги убеди сите ЕУ членки и ќе функционира за Балканот во наредните години, не само месеци. Клучното прашање не е дали преговорите денес ќе водат до норвешката ситуација на зачленување во Европската економска зона, или шведската ситуација на зачленување, првин во Европската економска зона, па потоа во ЕУ. Ова ќе биде одлучено подоцна во секој случај. Она што е клучно е преговорите да бидат фер.
Како да им се објасни на Црна Гора и Србија дека играта е завршена?
-Постоечкиот пристапен процес не функционира со години. Многу членки не веруваат во него. Турција и Србија не веруваат во него повеќе. Она што се случи со С.Македонија во Брисел го потврдува тоа. Турција преговара за влез од 2005 година, Црна Гора од 2012, а Србија од 2014. Но дали отворањето на процесот на пристапни преговори ги носи позитивните промени кои се очекувани? Не. Дали овие земји се поблику до зачленување во ЕУ од тогаш кога започнаа? Не. Турција од тогаш имаше обид за пуч, вонредна состојба, немири започнаа повторно од југоисточна Анадолија. И минатата година, во Софија, членките на ЕУ одбија да дадат дури и блага заложба дека 2025 година е време кога Србија и Црна Гора би можеле да се зачленат. Никој не може да даде гаранции, без разлика дали преговорите започнале или не.
Затоа самиот процес мора да се измени. Во еден мој говор во Белград во 2014 година каде присутен беше и заменикот премиер на Србија, истакнав дека постоечкиот пристапен процес нема да преживее подолго од пет години без да биде реформиран. Од тогаш досега поминаа пет години.
Преговорите за членство беа ефикасен инструмент за трансформација и реформи. Што ќе биде сега „морковот”?
-Преговорите за членство се ефикасен инструмент за промени само кога ЕУ е сериозна за тоа. ЕУ не беше сериозна за преговорите со Западен Балкан. Не е подготвена да ги отвори со четири од шест од нив. Зошто? Бидејќи пристапот на Западен Балкан е непопуларен меѓу многу земји членки на ЕУ. Процесот каков што е, е дизајниран со многу препреки кои ја убиваат мотивацијата дури и кај најпосветените политичари и јавни службеници. Можете да имате трка со пречки на 200 метри, но не и трка со пречки од 42 километри. Постоечкиот процес се претвори во тоа. Ова е тоа што и вашата Влада го поминува. Тоа е лошо и за ЕУ, и за Балканот.
Прашањето што ќе биде морковот е круцијално. Најпрвин, големиот морков е процес кој помага реформирачите да создадат подобра земја за граѓаните и децата. Затоа, мора да биде фер. За граѓаните мора да биде транспарентно. Европската Унија би требало да овозможи вистинска помош во достигнувањето на ЕУ стандардите, а не блокирање на земјите. Секоја балканска земја треба да биде оценувана по истите критериуми. Ако повеќе помош им се дава на тие земји кои напредуваат поуспешно, тогаш подобро. Но не можете да ја купите желбата за реформи со пари. Да, парите помагаат. Имањето цел која може да се постигне за неколку години, исто така помага. Имањето земји членки на ЕУ кои сакаат да им се придружите, а не ве блокираат е круцијално.
Како би изгледал тој процес на преговори ?
-Постои веб сајт каде може да ги видите пристапните писма. Тоа е голем дел од правилата и законите на ЕУ. Посегнувањето кон интеграцијата сега би требало да е објективна цел на секоја од шесте земји на Западен Балкан. ЕУ треба да зацрта ознаки на патот за секоја област и да оценува до каде секоја од овие земји ги исполнува овие критериуми во секое од полињата. Овие задачи треба да бидат водени од експерти, критериумите јавни, дозволувајќи ви да ги споредувате земјите. Ова треба да биде позитивен натпревар. И без вета штом целиот процес започне следната година до самиот крај.
Какви се ризиците за стабилноста на Балканот ако се стави крај на проширувањето?
-Многумина во ЕУ стравуваат дека балканските земји не се стабилни и може да се вратат во хаос во секој момент. Mногу e лошo да се испраќа ваква порака. Никогаш не би користел страв од нестабилност како аргумент за проширување. Од друга страна, целта на трајниот европски мир е голема и инспиративна цел за ЕУ и Балканот. Живеев на Балканот во 90-тите години, во Сараево, во Приштина и добро се сеќавам на еден период кога националистите прво победија на избори со ветувања за омраза, а потоа следуваа војни и уништувања. Ова никогаш не смее да се случи повторно на Балканот. Но, тоа продолжува да се случува, дури и во Европа, дури и денес. Во 2008 година се случи војна во Грузија. Во 2014 година во Украина. Затоа ни требаат европски интеграции, не само на Балканот, туку и на Балканот.
ЕСИ вложи многу напори за да го промовира проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан. Како ќе ги осигурате вашите партнери во регионот дека станува збор само за „шега“ кога сте зборувале за проширувањето?
-Ние вложуваме многу напори да ги убедиме министрите за внатрешни работи на ЕУ во укинување на визните услови за сите земји од Западен Балкан, најнапред. И тоа успеа. Зошто? Затоа што тоа беше заслужен процес заснован на заслуги. И затоа што разговаравме со скептиците и се обидовме да ги убедиме министрите за внатрешни работи во земјите членки на ЕУ. Ова е единствениот начин на кој може да се работи, и ова значи дека во моментов треба да разговараме со Франција и Холандија, да видиме како да ги убедиме. И да им покажеме дека кредибилен процес за пристапување може да биде во нивни интерес.
Зошто Вашата иницијатива не се придружи на огромното мнозинство на државите членки и земјите од Западниот Балкан за да изнајдете решение со цел да го промените мислењето на Макрон?
-Едноставно прашувам: Дали мислите дека е веројатно дека другите земји-членки ќе можат да го променат мислењето на францускиот претседател? Може да се случи. Се надевам дека ќе се случи Но, тоа никогаш не се случи со Грција. Значи, потребна ви е стратегија која исто така може да функционира без да се случи тоа. И тоа ги прави идните вета во процесот помалку веројатни. Вака секогаш се случувало во процесот на европската интеграција. Не е ново.
Дали верувате дека има нешто што може да го задоволи Макрон за да го напушти неговото вето на проширувањето?
-Макрон рече дека ЕУ сега не е подготвена да ветува проширување на никого. Но, ЕУ треба да биде подготвена да дозволи на секоја земја од Западен Балкан да ги исполни условите за влез во ЕЕЗ (Европска економска зона). Мислам дека да се убеди Франција за ова е можно, ако и другите членки на ЕУ го поддржат тоа.
Дали има друга земја-членка која ги поддржува вашите идеи? Ако да, која е таа?
-Овој труд го објавивме минатиот петок . Но, имаше силен и охрабрувачки одговор. За неколку часа добив пораки на меил и СМС од министрите за надворешни работи, парламентарци и претставници на ЕУ кои изразија интерес. Но, немам илузии. Ова ќе биде историска понуда што ќе го трансформира Балканот. Но, ќе бидат потребни многу дискусии. Како визната либерализација. И, тоа може да успее само ако лидерите во регионот го поддржат исто така. Не како идеално сценарио, туку како многу добар пат напред за нивните земји, многу подобро од статус кво ситуацијата.