Published: Friday, December 13, 2013 14:47
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради изведување на градежни работи, во близина на Центарот за известување и командување, денес направен е прекин на телефонската линија 192.
Линијата би требало да биде одново оспособена по 20,00 часот, до тогаш апелираме до граѓаните кои имаат потреба да пријават нешто во полиција да ја користат бесплатната линија на Центарот за управување со кризи ЦУК и телефонскиот број 195.




