Published: Friday, December 13, 2013 14:56
Живееме во третата најсиромашна земја во Европа, покажуваат најновите податоци од Европската канцеларија за статистика, Еуростат.
Според податоците, ланскиот бруто домашен производ мерен преку паритет на куповна моќ изнесувал 35 % од просекот кој го имаат членките на еврозоната.
Посиромашни од Македонија се само Албанија со БДП по глава на жител од 30%, и Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 29% од европскиот просек.
Најбогата земја во ЕУ е Луксембург, каде БДП по глава на жител во 2012 година бил дури 2,5 пати поголем од европскиот просек. Зад Луксембург следуваат Австрија, Ирска, Холандија, Шведска, Данска.
Хрватска со БДП по жител од 38% помал од европскиот се наоѓа во групата на Полска, Унгарија и Летонија.




