Членовите од албанска националност на Советот за радиодифузија ја напуштија седницата, заради несогласување со опомената за Алсат-М ТВ, која пред два дена ја соопшти претседателот Зоран Трајчевски, изјави за НОВА Замир Мехмети, член на СРД.
Од оваа опомена претходно се оградија Албанците-членови на СРД, затоа што претседателот го прекршил деловникот со тоа што не ги известил за соопштението.

Соопштението со опомена на Алсат-М се однесува инцидентот со бистата на цар Душан- дека оваа ТВ известувала непрофесионално, употребувала говор на омраза и ги распалувала меѓуетничките односи.

Претседателот Трајчевски на денешната седница, на дневен ред го ставил и случајот Алсат-М, додека потпретседателот Милаим Фетаи побарал од принципиелни причини да се направи мониторинг за начинот како известуваат Сител и ТВ Канал 5, а не селективно само за Алсат-М, што било отфрлен со гласање.
Бојан Шоптрајанов- предлог на МАНУ и Столе Наумов -предлог на ЗНМ изјавиле дека нема да гласаат , додека членовите од албанска националност биле против, а останатите го поддржале предлогот на Трајчевски- Алсат-М да биде на маса на денешната седница.
Потпретседателот Фетаи после гласањето соопштил дека од принципиелни причини, членовите- Албанци ќе ја напуштат седницата заради селективниот однос во Советот за радиодифузија.




