Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП: Скопјанец ја има највисоката плата од 85.000 евра месечно

0
By Нова ТВ on December 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2013 17:04

Највисоката плата минатата година изнесувала 85 илјади евра месечна, а му била исплатена на доктор во приватното здравство во Скопје, информираат од Управата за јавни приходи. Највисокиот годишен бруто приход изнесувал нешто повеќе од 39 милиони евра, исто така на граѓанин во Скопје.

Во делот на платата од првите 10, девет се од Скопје, а еден од Валандово. Карактеристично е што годинава првите десет највисоки плати не се во банкарскиот и телекомуникацискиот сектор. Првпат се јавуваат адвокатските услуги. Покрај во здравствените услуги, пријавените плати се во трговија и производство на фармацевтски производи и препарати, компјутерско програмирање, техничко советување и печатарски услуги.

Но, бројките на Заводот за статистика говорат дека огромен дел од македонските работници можат само да сонуваат за плата од 80 илјади евра.

Од вкупно 650 555 илјади вработени, далеку побројни се оние вработени со скромни примања. Само 1,3 проценти од вработените граѓани во земјава или 8 960 вработени Македонци во 2012 година земале плата поголема од 40 илјади денари. Дури 42 процента работат за плати помали од двесте евра месечно, покажува најновата Анкета за работната сила на Државниот завод за статистика.

15 проценти од вработените работат за плата која се движи од 12 илјади до 16 илјади.
Една десетина од вработените имаат плата поголема од просечната, односно примања над 20 илјади.

7 339 илади вработени или 4,2 процента воопшто не примиле плата, а 55 369 се водат како неплатени семејни работници, односно лица кои работат во деловен субјект, земјоделска задруга или дуќан во сопственост на член на домаќинството.

Во продолжение погледнете ги бројките од табелите на Државниот завод за статистика од Анкетата за работна сила за 2012 објавена во Јуни 2013 година.

Вкупно вработени 650 554

Не примиле плата 7 339

До 5 илјади денари 27 571 (4,2%)
Од 5 до 8 илјади денари 55 496 (8.5%)
Од 8 до 10 илјади денари 89 090 (13,7%)
Од 10 до 12 илјади денари 100 089 (15,4%)
Од 12 до 16 илјади денари 103 151 (15.8)
Од 16 до 20 илјади денари 88 950 (13,6)

Од 20 до 25 илјади денари 61 072 (9.8%)
Од 25 до 30 илјади денари 21 198 (3.25%)
Од 30 до 40 илјади 11 365 (1.74%)
40 илјади денари и повеќе 8 960 (1.3%)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.