Published: Wednesday, October 30, 2019 21:47
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Метју Палмер заменик-помошник државен секретар на САД, Даниел Костеланчиќ- директор за Балканот во Американскиот Стејт Департмент и амбасадорката на САД Кејт Брнс.
Ахмети и американските авторитети размениле мислења во врска со политичките случувања во Северна Македонија, членството во НАТО како и предвремените избори.
Ахмети истакна дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај.
Лидерот на ДУИ им се заблагодарил на американските авторитети за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија.
На средбата се дискутирало и за интензивните реформи во рамките на Демократската Унија за Интеграција како и за предвремените парламентарни избори.




