Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Електричен трамвај во Скопје и гасификација за намалување на загадувањето

0
By Нова ТВ on October 31, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2019 13:19

Поради енормното загадување на воздухот што во изминатите деновиве се случува во Скопје и во Куманово, но и во другите градови во земјата формирани се тимови со седум владини советници кои работат на координација на сите инспекторати вклучувајќи го и МВР. Целта е, како што појасни премиерот Заев на денешната седница за пратенички прашања е да се да се делува веднаш и директно за да се спречи загадување на воздухот.

-Вчера на консултативна седница на Владата на иницијатива на министерот за животна средина оформивме дополнително тимови да делуваме таму каде што можеме директно и веднаш да го промениме, каде што МВР и сите инспекторати под контрола на кабинетот на премиерот на дневна основа ќе се вклучат за дополнително да придонесат кон затворање на проблематиката за огнови на јавни места, на палење на шумите на дополнително палење коешто предизвикува загадување. Седум советници од мојот кабинет од вчера попладне работат на координација на сите инспекторати во државата и Инспекторатот за животна средина да бидат на терен заедно со МВР се со цел да делуваме таму каде што може да делуваме, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ за мерките против загадувањето во земјата.

Зборувајќи за мерките за заштита на животната средина и за спречување на загадувањето на воздухот, премиерот искажа жалење што поранешната влада гасификацијата ја започнала на крајот на мандатотот а требало тоа да го направи тоа многу порано. На само два месеци пред крајот на годината, додаде тој, 83 отсто од предвидените планвои за гасифиакција се реализирани за оваа година.

-Се работат двата главни коридора, Коридорот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола и другиот Коридор Скопје-Тетово-Гостивар. Паралелно се завршуваат постапките за епспроријација за Струга-Кичево. Сите општини добија налог да ги работат главните  проекти, така и Градот Скопје. Од поголемите градови повеќе од 50 проценти веќе имаат изработено главни проекти со конечна цел да се отвори дебата кој модел ќе се спроведе за гасификација. Гасифицирани градови се Струмица и Куманово, рече Заев посочувајќи дека има четири опции за воведување на гасификацијата.

Во посета во Владата досега биле повеќе од десетина компании кои се занимаваат со гасификација. Очекува во 2020 година да се отпочне со изградба на секундарни и терцијални гасоводни системи барем во поголемите десетина градови во државата согласно одлуките што ќе ги донесат општините.

За Скопје, кој исто така е во процес на гасификација, Заев најави воведување на електричен транвај со проектирана вредност од околу 100 милиони евра.

-Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целата тендерска состојба во текот на зимскиот период и за да може градот Скопје да влезе во имплементација и реализација на проектот за електричен трамвај, се надеваме дека тоа може да го направиме од Ван Хол кој ги произведува овде, но секако постапката согласно јавните набавки е јасна, истакна премиерот.

Владата има повеќе од 15 милиони евра предвидени јавни државни пари за борба против загадениот воздух, покрај тоа секое министерство има алоцирано средства за заштита на животната средина, а најмногу Министерството за животна средина.

Министерството за здравство определило буџетски средства за адаптирање на системите за греење и приклучок на гас во повеќе болници меѓу кои болницата за Чаир и за Куманово, за којашто и Владата одвоила средства. Дополнително Владата финансиски ќе поддржи адаптирање на системите за греење и на затворот Скопје и за студенските домови.

Инверторите се само една од новините, додаде Заев ако не сметаме на гасификацијата , фотоволтаиците, и се друго што е во полза на екологијата и заштитата на животната средина и чистиот воздух. Министерството за животна средина има одвоено 618 милиони денари конкретно за инвенторите, постапка која почнува преку општини и тоа градот Скопје, Битола, Тетово, Кичево, а согласно одлука на Влада се проширува и во Куманово и во многу други општини понатаму.

-Следната година продолжуваме на целата територија на државата и подготвени сме да носиме законски решенија за зголемување на свесноста за спроведување на проектите за заштита на животната средина. Дополнително многу инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.