Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колорадо: Двајца ученици ранети, напаѓачот убиен во училиштето

0
By Нова ТВ on December 14, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 14, 2013 10:39


Двајца ученици се ранети во петокот во пукање во средно училиште во предградие на Денвер во сојузната американска држава Колорадо, а напаѓачот е пронајден мртoв, изјави шерифот на округот Арапахо.

Напаѓачот, за кој се верува дека бил ученик кој во средното училиште во Арапахо во Сентениал во коешто во времето на инцидентот имало 2.200 ученици, е пронајден мртов од раните, коишто најверојатно самиот си ги нанел, изјавил шерифот.

Шерифот додал дека напаѓачот вооружен со сачмарка барал конкретен професор кој ја напуштил зградата, а еден од учениците се обидел да му се спротистави по што тој го застрелал. Сѐ уште не е јасно како другиот ученик е полесно ранет.

Училиштето, како и сите други во округот Арапахо се затворени, а шерифот Грејсон Робинскон изјавил дека опасноста минала.

Училиштето се наоѓа на само 13 километри северно од училиштето Коломбина во Литлтон во Колорадо каде во април 1999 година двајца ученици убија 12 свои соученици и еден наставник, а потоа извршија самоубиство.

Исто така, предградието на Денвер – Сентениал се наоѓа на само неколку километри од предградието Аврора, каде минатата година 25-годишниот Џејмс Холмс употреби солзавец во кино салата при проекција на филмот „Темниот рицар. Враќање на легендата”, а потоа отвори оган при што беа убиени 12 луѓе, а повеќе десетици беа ранети.

Синоќешниот напад се одигра само ден пред годишнината од трагедијата од декември минатата 2012 година во основното училиште во гратчето Њутаун во државата Конектикат, кога 20-годишниот Адам Ланза уби 20 деца на шест и седумгодишна возраст и шест возрасни лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.