ЛајТме ексклузивно пронајде, што се случи на таа ладна и тивка ноќ славна, кога некој со чекан на бронза мавна. Широката јавсност се зачуди, зошто Душан да се испуди. Па за, како, зошто, кој и каде, само лајТме одговор најде. Овие девојки и момци, што од политиката ги држи за конци, отишле таму, на тој студ, за на царот брковите да му ги отстранат, зашто Мовембер поминал. Како што знаете Мовембер беше кампања за месец ноември, за машките бркови да пуштат. No November, No Movember, таа ноќ веќе влеговме во декември, а кутриот споменик не го знаеше тој трик за самиот брковите да си ги отргне за миг.
Полека, полека, а дрвово што е? Што прават со дрво што го удираат споменикот? Аха тоа е чешел, демек спомениците се чешлаат со дрво, аха… јасно, јасно…
Оваа акција од опоизицијата беше исмеана. Тие рекоа дека ова е игра и дека гумен бил овој чекан, не знаејќи кој е извалкан.
Ова во собрание беше, а? Е гледајте го и ова истотака од собрание.
Ееее… мислевте лесно на работите им се става капак. Абе ништо не бива без токмак!
Видео-материјалот има целосен превод на македонски јазик. Кога на Јутјуб ќе почне прикажувањето, стиснете на копчето „сс“ под видеото и изберете македонски јазик