Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иновација на кавадаречки професор: „Паметни канти“ на Ангелков првонаградени во Италија

0
By Нова ТВ on November 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 3, 2019 11:13

Во конкуренција од 120 учесници од 31 држава, на најголемиот саем за образование во италијанскиот град Фиренца, кавадарчанецот Димитрија Ангелков е првонаграден за иновативниот екометод – преку паметни канти до развој на етички вештини. Тој е доктор на науки од електротехничка струка, а работи како професор во средното електромашинско училиште. За МИА откри дека се раководи од мислата дека работиме за пари, ама живееме за признание.

„На саемот „Дидакта“ се презентираат практични решенија што го унапредуваат образовниот систем. Трудот со кој јас настапив е заштита на животната средина преку подигање на свеста од најмали години, за стекнување навики за правилна селекција на отпадот. Паметните канти се покажаа како ефикасен метод за мотивација на луѓето од најмали до највозрасни, да учествуваат во селекцијата на отпадот кој го произведуваат самите, но и на отпадот од останатите“, појаснува Ангелков.

Тој додаде дека овој метод овозможува отпадот што е расфрлан насекаде да ги мотивира корисниците да го собираат и да го поставуваат во овие паметни канти и да добиваат поени, па преку поените и награди.

„Исто така иновацијата е и во тоа, ако не се користат редовно поените, автоматски се намалуваат и со тоа имате плус мотивација да ги користите постојано и да имате мал склад дома, за кога ќе можете да ги фрлите во кантите и да добиете поени. Системот е одржлив, нема маани, сигурен и достапен за сите. Со овие машини заедницата добива повеќекратно и ситуацијата е вин-вин за сите“, нагласи професорот.

Патентот „паметни канти” изработени од кавадаречка фирма, во која управител е проф. д-р Димитрија Ангелков, претходно освои златен медал на саемот за иновации „Иновамак 2019“.„Паметните канти“ веќе од оваа година се произведуваат и се дистрибуираат по училишта и градинки.

„Проектот е едукативен, забавен, еколошки и со најниска цена на чинење во светот, само 200 евра по канта. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклените и металните шишиња за рециклирање. Во нашата земја речиси секое петто шише се враќа за рециклирање, додека останатите четири завршуваат во реките, езерата, почвата и морињата“, рече тој.

Решението е одржливо, нагласи тој, затоа што со собирање на овој отпад, дел од средствата се враќаат како награда за тој што ја користи паметната канта.

„Ова решение е идеално за нашата земја затоа што инвестицијата се враќа за помалку од пет месеци. По тој период имате постојана добивка од собраниот отпад. На паметната канта има дисплеј на кој се генерира код што го внесувате на веб-страницата www.pametnikanti.mk заедно со вашиот мобилен број и така добивате поен. Кога ќе соберете доволно поени добивате СМС и награда од дел од парите што се добиле од продажбата на шишињата. Системот е одржлив и преку награди ги мотивира луѓето да ги користат овие канти. Исто така имаме и веб-страница што се користи за светска промоција http://www.interactive-bin.mk, каде што може да се види како функционира целиот систем“, појасни професорот.

Трите модели на „паметни канти“ примаат само отпад предвиден за тоа. Пример, доколку во кантата што прима само стаклени шишиња, се обидете да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да го фрлите во другата што е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника, додаде Ангелков.

„Дизајнот постојано се менува во зависност од позицијата каде се поставува. Доколку е во градинка е со ликови од суперјунаците, доколку е во банка или институции, тогаш е со дизајн соодветен за тоа. Доколку се практикува ова решение насекаде, нашата земја ќе стане почиста, поубава и понапредна. Решенија има, треба да се практикуваат, нашата земја изобилува со иноватори кои прават сè да постанеме развиена земја што овозможува иднина за идните поколенија. Иднината е сега“, порача професорот, кој е управител на фирмата „Интерактивна иднина”.

Тој верува дека ова решение ќе го зголеми процентот на вратени шишиња. Во Германија тој процент бил 60 отсто. Кантите работат независно без дополнителна енергија и се екстремно безбедни и невозможно е некој физички да се повреди од нив. Имаат вграден филтер за воздух и на нив можат да се полнат мобилни телефони. Доколку се спојат две канти со три штици се добива и клупа за седење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.