Според впечатоците на Социјалдемократскио сојуз, позитината мисла за позитивни промени се шири, а народот гледа дека постои сериозна, остварлива и реална алтернатива на погрешните политики на власта. СДСМ се убедени дека ќе ја победат оваа власт на наредните избори кога и да се одржат, со овие зборови генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се обрати на отворената трибина со граѓаните на општина Гази Баба.
„Имаме сериозни, издржани и остварливи предлог мерки. Мерките на СДСМ предизвикуваат интерес кај народот, поттикнуваат дебата и кај граѓаните и во СДСМ ама само кај ВМРО-ДПМНЕ предизвикуваат страв“ посочи Спасовски.
На синоќешната трибина, граѓаните на Гази Баба се пожалија на лошите економски услови, ниските плати и високите трошоци за задоволување на основните потреби, а се интересираа за мерките за вработување, пред се на младите, за мерките за правна и економска сигурност, но и за подобро искористување на енергетскиот потенцијал.
.jpg)
Зборувајќи за тешката економско-социјална состојба со која се соочуваат граѓаните, Спасовски посочи дека поразителниот податок на „Еуростат“, дека Македонија е трета земја во Европа по сиромаштија се надополнува со локалните проблеми на граѓаните на мултиетничка Гази Баба.
„Во време кога се потрошија 500 милиони евра народни пари за проектот Скопје 2014, во општина Гази Баба се уште има средини без канализација, без улици и инфраструктура. Податок кој се однесува на состојба во над 10 урбани средини во општината. Тоа е нашата реалност денес. И во државата и во населбите од главниот град“, рече Спасовски.
Генералниот секретар на СДСМ, децидно потврди дека еден од петте приоритети на Владата на Зоран Заев ќе бидат младите.
„Владата на Никола Груевски, со нејзините погрешни политики, како да им бара работа на своите граѓани ама надвор од државата. Благодарение на нејзините политики над 230 илјади млади луѓе се иселиле од државата барајќи егзистенција“, додаде тој.
Во таа насока Генералниот секретар на СДСМ презентираше повеќе мерки за вработувања, особено на младите. Ја спомена мерката за отворање на 16 бизнис инкубатори, преку државна поддршка на 320 бизнис идеи со што ќе се отвори можноста за вработување на над 5.000 млади луѓе.
Целата економска политика на СДСМ ќе биде концнипирана за враќање на средната класа во државата и создавање на фер и правично општество за сите, а со јакнење на средната класа СДСМ планира да ја зајакне државата и младите да останат во Македонија.




