Дневниот весник „Независен весник“ утре нема да се печати. Дали ова ќе биде и официјалното згаснување на весникот засега не е познато, а новинарите не ниле известени што понатаму.
Засега, се знае дека весникот утре нема да излегува поради долг кон печатницата каде што се печати.
„Независен весник“ е во сопственост на грчки инвеститор во земјава. Неизлегувањето на весникот се случува две години од неговото постоење.
Со реакција се јави и ЗНМ.
„Секое згаснување на еден медиум е тажна вест за опшеството. Особено за медиум кој се придржуваше до стандардите. Весникот е се уште од оние традиционални медиуми кои наспроти онлајн медиумите, кои се повеќе бегаат од основниот принцип на новинарството, ги одржуваа професионалните стандарди. Годинава имаме два удара, прво затворањето на 1ТВ, а сега и „Независен весник“, што ќе се одрази на социо-економската положба на новинарите и се обезвреднува пазарот на трудот“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Тој потенцираше дека Здружението на новинарите во наредниот период ќе направи напори во рамките на своите ингеренции, со релевантни институции, да разговара за да се спаси весникот и да продолжи како и досега со работа.




