Дали е визија земјоделците во Македонија сеуште да немаат земено субвенции за 2012 година, додека 90 проценти од нивните колеги од Србија завршуваат со примањата субвенции за 2013, а во соседна Бугарија се подготвуваат средства за субвенции за 2014?, реагира најголема опозициска партија СДСМ, укажувајќи и на пријавите од 500-тини милиони евра инвестиции во земјоделството, кога не проработил ни основниот систем за наводнување капка по капка?
„Или за министерот Димовски е визија да ги задоволи апетитите на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, бидејки субвенциите станаа платежно средство за купување гласови пред избори?“, се вели во реакцијата.
Според Социјалдемократскиот сојуз, ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери се на власт веќе осум години и пак други им се виновни, а како еднинствен успех во земјоделството на оваа власт, велат се скапите реклами платени од парите на народот.
– СДСМ е на терен со граѓаните, внимателно слушаше за нивната мака и виде доверба во мерките од новата програма на СДСМ. Редовни субненции, тогаш кога им се потребни на различните категории земјоделски дејности, бенифициран стаж за земјоделците, враќање на достоиството на земјоделецот кој произведува храна и обезбедува социјален мир, поради што заслужува да биде почитуван и конкурентен на европскиот пазар – тоа е визија, стои понатаму во реакцијата.
Оттаму потенцираат дека политики на власта се купопродажен договор на штета на земјоделската мака и државата во целина.




