Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарскиот кандидат за еврокомесар најверојатно ќе го добие ресорот проширување

0
By Нова ТВ on November 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2019 09:17

Избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн ќе и го додели ресорот транспорт на романската кандидатка, потврдија прес службите на претседателката. Иако досега не е формално потврдено, кандидатот од Унгарија би требало да го добие проширувањето, и покрај силните критики на стручната јавност.

Транспортот и проширувањето беа без назначени еврокомесари во исчекување на кандидатурите од овие две земји, откако претходно предложените имиња беа одбиени. Со потврдата дека ја избира Романката Адина Валеан за кандидатка за комесарка за транспорт, единствено празен ресор за Унгарецот Оливер Вархелји останува проширувањето, иако тој допрва треба да биде оценет и од Европскиот Парламент.

Фон дер Лејн начелно му го додели проширувањето на првиот унгарски кандидат, Ласло Трочањи, но тој беше отфрлен од Европскиот Парламент поради конфликт на интереси. Унгарската влада го предложи својот сегашен амбасадор при ЕУ, Вархелји, како негова замена.

Отфрлени од Европскиот Парламент беа и романската кандидатка Рована Плумб, предложена од претходната романската влада, која во меѓувреме падна, како и француската кандидатка, Силви Гулар. Новиот француски кандидат, Тиери Бретон, го добива ресорот внатрешен пазар.

Тројцата нови кандидати-Романката Валеан, Унгарецот Вархелји и Французинот Бретон сега ќе треба да бидат сослушани од повеќе парламентарни комисии, прво за да се утврди евентуален судир на интереси, а потоа за да се оцени нивната подготвеност и експертиза во областа која им е доделена.

Повеќе европарламентарци, пред сѐ од социјалдемократското крило во Европарламентот, сметаат дека Унгарија не треба да го добие проширувањето и соседската политика поради систематското нарушување на владеењето на правото во Унгарија како и контроверзните односи на Орбан со Русија. Портфолиото проширување и соседска политика ги вклучува и односите на ЕУ со Украина, чии НАТО аспирации Будимпешта неодамна ги блокираше повикувајќи се на правата на унгарското малцинство во оваа земја. Многумина меѓутоа сметаат дека Орбан со тоа ги брани стратешките интереси на Владимир Путин.

Фон дер Лејн е во исчекување и на кандидат од Обединетото Кралство, земјата мора да предложи еврокомесар сѐ додека е формално уште членка на ЕУ. Брегзитот е одложен до 31 јануари 2020. Лондон за сега не одговорил формално на барањето на фон дер Лејн, неизвесно е исто така кое портфолио би му било доделено на британскиот кандидат. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.