Published: Monday, December 16, 2013 12:55
Две години затвор за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, ова е пресудата за случајот „Агент“, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и пречекорување на овластувањата за градежната парцела близу базенот во скопската населба Карпош.
Адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валиќ добија по две години затвор, а на три години е осуден адвокатот Васко Томановиќ. Последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени добија условни казни.
Шестмината осудени во случајот „Агент“ испрале над еден милион евра преку фиктивни фирми и фиктивни фактури.




