НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професори од УГД во Штип пред една недела дознале дека треба да вршат надзор во ОХИС

0
By Менче Атанасова Точи on November 9, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во дворот на ОХИС и околу него нема пристуство на метил акрилат мономер. Околу резервоарот и старите цевки биле забалежани кратки детекции и одредена концентрација која се менува повремено. Ова го  покажале инструментите на Лабораторијата „ЕМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На местото на инцидентот каде што вчера се излеала вода со која се миела цистерна со оваа опасна материја денеска беа и професори од УГД, кои дошле да видат што се случува и да ја проверат документацијата на фирмата „Еко центар 97“ бидејќи тоа било побарано од нив.

„Околу објектот не е регистрирано ништо, околу резервоарот и старите цевки концентарцијата се менува, имаше на места кратки детекции. Видовме дека се е исчистено, спакувано во буриња, луѓето што работеа беа со соодветна опрема“, изјави за НОВА, професорот Дејан Мираковски од Универзитетот во Штип.

Тие се всушност надзор на фирмата „Еко центар 97“, која врши отстранување, пакување и вршење на транспорт на опасниот отпад во ОХИС, за кој стручњаците велат дека е рамен на експлозив. Не постои фирма која е ангажирана специјално за тоа.

Местото на инцидентот во ОХИС

Мираковски тврди дека, за тоа дека се избрани за надзор дознале од пред една недела кога стигнало судска наредба Лабораторијата да врши надзор и доколку одбијат да образложат зошто одбиваат. Тој тврди дека не се пријавиле на никаков оглас, туку од нив било побарано да вршат надзор на документацијата  и со тоа да следат дали правилно се пакува, складира и изнесува хемискиот отпад.

“Денеска ја зедовме документацијата која е доста обемна и сега ќе ги проверуваме документите. Тоа е надзорот што го побараа од нас“, рече Мираковски.

За овој тип на надзор на Лабораторија „ЕМБИКОН“ им бил понуден соодветен трошковник.

НОВА дознава дека судот во септември прво побарал од Институтот за хемија да вршат надзор во ОХИС. Од таму понудиле тројца експерти, а побарале сума од 70 000 евра. Стечајниот суд проценил дека сумата која ја бараат е многу висока и ангажирале експерти од Универзитетот во Штип.

„Ние требаше да вршиме надзор, дадовме понува но, ете не одбија. Фирмата што е ангажирана треба да дадат отчет како вршеле надзор, како се пакува и изнесува отпадот“, вели за НОВА, професорот Виктор Стефов од Институтот за хемија.

Но, според Законот за опасен отпад, главен надлежен орган за ова е Министерството за животна средина од каде денеска беа во контрола.

“Овој опасен отпад се изнесува од земјата и согласно договорот треба да биде однесен во Швајцарија каде што треба да биде уништен“, рече Јани Мкарадули заменик министер за животна средина.

Од фирмата „Еко центар 97“ тврдат дека редовно исвестувале за својата работа во Министерството за животна средина. Од таму тврдат дека тој процес уште не е започнат бидејќи чекаат дозволи од сите земји низ кои треба да помине опасниот отпад што трае 90 дена. Затоа бараат продолжување на договорот за работите да ги завршат до март идната година.

ОХИС -темпирана бомба со 11 вида на хемикалии

Сопственикот на фирмата која го складира отпадот, Момировски тврди дека ОХИС е темпирината бомба и дека во последните 20 години таму ништо не е оддржувано.

„Инсталациите се стари 60 години, се е труло, корозирано, ништо не е во функција. Таму 20 години ништо не е одржувано. Среќа е што не се случила хаварија досега“, рече Момировски, сопственик на фирмата која го пакува отпадот во ОХИС.

Од инспекторатот за животна средина тврдат дека таму има 11 вида хемикалии, опасни материи кои се складирани во корозирани буриња што секој момент можат да истечат.

„Има се и сешто, корозирани буриња со разни хемикалии кои можат да попуштат, тоа е историски отпад кој треба да се идентификува и однесе. Во базенот каде што истекла течноста, се е дезифицирано со вар, а течноста е собрана во 10 буриња“, изјави Перо Кировски инспектор за животна средина.

Според податоците од Министерството за животна средина до кои дојде НОВА, од февруари годинава спакувани се и безбедно се складирани околу 65 тони хемиски отпад што по добивање на соодветни дозволи од земјите на транзит ќе се извезат и третираат на лиценцирани постројки во странство.

Дополнително треба да се спакуваат, складираат и извезат уште околу 24 тони хемиски отпад.  Хемискиот отпад во најголем дел ќе се третира во Швајцарија, а можно е дел да се носи во Австрија и Германија.

За инцидентот кој се случи во ОХИС се дозна по пријава на вознемирени граѓани кои го почувствуваа непријатниоот мирис. Сопственикот на фирмата „Еко центра 97“ , Владо Момировски за НОВА вели дека во моментот кога се случил инцидентот во ОХИС немало никој, а чуварот кој бил ангажиран од фирмата Петрол бил на друга локација.

„ Причината е дотраен вентил на резорвоарот. Но, ние не сме постојано таму. Најверојатно истекувањето се случило претходниот ден попладне кога врнеше, а мирисот се почувствувал изутрината“, изјави за НОВА.

Државниот секретар за Животна средина, Ана Петровска за НОВА  потврди дека Еко-инцидентот-истекувањето на метил акрилат, се случил,( според чуварите во кругот), еден ден пред да се пријави миризбата од граѓаните. Истовремено случајот бил пријавен од граѓаните и била известена компанијата Еко-центар за настанатата ситуација.

“Претходно, (два дена пред да настане еко-инцидентот), празниот резервоар во кој имало најверојатно траги од токсичната материја, бил наполнет со вода, како подготвителна активност пред да се пристапи кон негово перење. Собирањето на водата со траги од претходно складираната материја, требало да го изврши фирма лиценцирана за постапување со опасен отпад од Бугарија. Бугарската компанија и претходно се вклучувала кога се отстранувал хемиски отпад, а оваа лиценцираната компанија вршела надзор три пати и тоа кога се пакувал отпад со непознат состав, хлор и  метанол“, вели Петровска.

Таа потенција дека секогаш кога се спроведувала постапка поврзана со пакување и одвоз на опасен отпад, бил информиран и државен инспектор за животна средина, а надлежен инспектор досега три пати вршел надзор.

„Извештаи за спроведените активности (кои започнале уште во февруари годинава) подготвувала компанија што „Еко центар 97“ ја ангажирал за изготвување на документација за чистењето на хемикалиите (Елаборат за заштита на животната средина) и за надзор врз спроведувањето на активностите. Изготвени биле околу 20-тина извештаи. Овие извештаи биле доставени до стечајниот управник и стечаен судија. Не е познато дали тие ги доставувале до инспекторатот“, вели Петровска.

Инаку, вчера веднаш по инцидентот од МВР и АРМ земале примероци од истечената течност со која се миела цистрената со опасниот отпад, пом што е најавено дека ќе се пратат на испитување во лабораторија во странство бидејќи државата не располага со  акредитирана лабораторија за овој вид на испитувања.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.