Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителката Стефанова не се согласува Камчев да добие привремен пасош

0
By Нова ТВ on November 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 12, 2019 13:53

Поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, не се согласува Орце Камчев да добие привремен документ со кој би патувал во странство поради бизнис средби. До Кривичниот суд е препратено негативно мислење на барањето на Камчев, потврдуваат од Обвинителството.

Камчев кој е осомничен во случајот „Империја“ бара од судот нов привремен пасош, бидејќи претходниот, што го доби од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и беше со траење од 6 месеци му истече пред неколку дена.

Во барањето тој навел дека му треба за патување на закажани бизнис состаноци надвор од земјава. За барањето на Камчев одлучува обвинителката Стефанова која го води случајот Империја и по преземањето на предметите на СЈО од страна на ЈО.

Камчев и екс директорот на УБК Сашо Мијалков во „Империја“ се осомничени за перење пари, на штета на државата, а во своја корист, и сомнежот е дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра. Под лупа на истражителите од СЈО биле петнаесетина македонски фирми, кои се основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД. Низ нив се свртеле милиони, а зад дел од нив се криело името на Камчев, или на негови блиски соработници.

Позитивното мислење за претходниот привремен пасош го потпишала тогашната обвинителка во СЈО и заменичка на Јанева, Елизабета Јосифовска, бидејќи Јанева тогаш била на одмор. Таа во август во екот на аферата Рекет изјави дека кај неа стигнало готово мислење од Јанева, изготвено од соодветни стручни соработници, при што и било кажано дека е по налог на Јанева.

Јанева претходно потврди дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

Јанева е второобвинета во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба, и се наоѓа во притвор во Шутка, во кој првообвинет е Бојан Јовановски кој заедно со Зоран Милески се обвинети дека тргувале со влијание-односно за еден ипол милион евра му ветувале на бизнисменот Камчев ослободување или олеснување на околностите во врска со истрагата за „Империја“ што  тогаш ја водеше СЈО на чело со Јанева.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.