Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите да извлечат поука: Делото против Груевски застаре, но не и конфискацијата на имот

0
By Нова ТВ on November 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2019 14:32

Кривичниот суд денеска донесе решение и ја запре постапката против поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта.

Неговиот адвокат, Горан Кркински поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание, и притоа се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а немаше правосилна пресуда. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката.

Од Коалицијата Сите за правично судење кои ги следат сите рочиште од овој предмет досега, за НОВА објаснуваат дека ваквата одлука на судот е во рамки на широко прифатеното стојалиште во правната наука, преточено и во Кривичниот закон, дека по истек на определено време станува исклучително тешко да се докаже надвор од разумно сомневање дека едно лице сторило кривично дело, па затоа законот предвидува ваквите постапки да бидат запрени.

-Апсолутната застареност каква што настана во конкретниот случај не зависи од волјата на судот, ниту од обемот на доказниот материјал, туку судот е должен да ја констатира настанатата застареност, да ја запре постапката и да донесе одбивателна пресуда, велат од Коалицијата.

Но, укажуваат дека е битно да се напомене изрекувањето на мерката конфискација на имот не застарува, односно конфискувањето на незаконски стекнатиот имот не е врзано со застарувањето на кривичното дело.

На останатите обвинети ќе им се суди

Покрај Груевски, во предметот Траекторија обвинети се и екс вицепремиерот Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни  патишта, Љупчо Георгиевски.

За тоа дали е можно и тие да бидат ослободени од вината со застарување на делото, од невладината организација велат дека, тоа е можно, но за 40 години, бидејќи тие се обвинети за кривични дела за кои може да биде изречена и максималната казна затвор во траење од 15 години (член 353, став 5 од КЗ кој предвидува казна од најмалку 5 години), со што апсолутната застареност е за 40 години од сторувањето на делото.

Денешното рочиште беше откажано поради неприсуство на вептакот, кој доставил лекарска белешка за здравствени проблеми.

Државата да извлече поука

Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата, за ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.

Тоа е единствена формално правна обврска што паѓа на државата во конкретниот случај. Но експертите истакнуваат дека она што е битно од ваквата постапка е органите на прогонот, пред се обвинителството, а и судот да извлечат поука да се избегнат вакви ситуации во иднина.

Груевски точно една година не е во земјава и се наоѓа во Будимпешта, каде доби азил. Властите во земјава се уште не излегоа со детали  како тој успеа да ја напушти земјава во моментот кога по него беше издаде налог за приведување за отслучување на казната затвор за случајот „Тенк“. Унгарија одбива да го екстрадира.

Бавна постапка без недоследности и нелогичности

Коалицијата Сите за правично судење мониторирала повеќе од 30 рочишта за „Траекторија“, неговиот почеток на 6 декември 2017.

Било одложено повеќепати, но само два наврати е побарано одлагање од страна на СЈО-еднаш поради здравствени прични на обвинителката која го водеше предметот  и еднаш поради процесот на преземање односно трансфер на предметите на СЈО во републичкото ЈО.

 

Нивната генерална оценка е дека оваа постапка тече бавно, ако се земе предвид фактот што од првото рочиште (во декември 2017) до рочиштето на кое се дадени воведни зборови (март 2018) се поминати 3 месеци, што ретко се случува во вакви предмети.  Од друга страна, пак, за исто така е регистрирано дека се закажувани и по 4-5 рочишта месечно.

Исто така, не се забележани процесни недоследности ниту нелогичности во досегашното постапување по овој предмет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.