Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали од лидерската: Предвремените избори договорени за помалку од еден час

0
By Нова ТВ on November 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 15, 2019 08:27

Договорот за предвремени избори на лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски се случил за помалку од еден час, вели шефот на државата, откривајќи детали од последната лидерска средба, во интервјуто во Топ Тема на телевизија Телма.

Клучната дебата се водела околу потребата да се обезбеди Пржинска влада во полно траење од 100 дена.

Пендаровски на лидерската средба побарал да се води сметка околу ратификацијата на НАТО Протоколот, што, според него, е од ултимативна важност за нашата држава.

Мојот став, подвлече шефот на државата, како човек кој долги години се занимава со овие политички процеси, е дека после една прилично неповолна одлука на ЕУ, спротивно од се она што очекувавме сите ние да добиеме датум за преговори, е дека можеби е добро да се преиспита политичкиот легитимитет на владејачките партии на избори.

Првичните предлози на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори биле во два датуми во декември, меѓутоа, рече Пендаровски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски сметал дека во тој случај би имале само 50 – тина денови и тоа не би биле 100-те предвидени по закон за Пржинска влада.

– Тука имаше различни правни толкувања. Надвладеа политички и џентлменски став да се дадат 100 дена и изборите ќе бидат закажни подоцна иако се во суштина предвремени, не се редовни, рече меѓу другото претседателот на државата.

Впечатокот на Пендаровски, како што рече, е дека Владата тоа што има да го покаже во делот на реформите, има време да го покаже до 3.јануари, но и подоцна.

– Добро е што се запази динамиката со НАТО Протоколот затоа што ако беа изборите во декември, возможно е Шпанија да направи брзо Влада, иако изборните резултати тоа не го гарантираат. Во декември ќе беше проблематично ако имаме избори бидејќи ќе требаше  веднаш да се распушти Парламентот. Ова сега остава доволно простор, до февруари, дури јас тврдам како правник дека и понатаму ако затреба и е од најголемо значење, може да го свикаме Парламентот, изјави меѓу другото шефот на државата Пендаровски.

На прашањето каква би била кохабитацијата ако ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт, претседателот Пендаровски посочи дека има ситуации и некои негови изјави кои не наидуваат на одобрение од сегашната влада, иако е дел од таа политичка структура десетина години.

– Ако улогите се заменат евентуално догодина, мислам дека нема да имам никакви проблеми затоа што односот и на сегашната Влада кон мене, но и односот на сегашната опозиција кон мене, покажува дека јас верувам во тоа непристрасно ја работам својата работа, рече претседателот Пендаровски.

Информира дека по лидерската средба немал средба Мицковски и оцени дека не бил добар знак тоа што лидерот на ВМРО – ДПМНЕ не присуствувал на Советот за безбедност на кој се разговарало за многу битни прашања за безбеноста на државата и за безбедноста во поширокиот регион која, подвлече, може да има влијание врз нашата безбедност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.