НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис е во право-Македонија може да биде голема

0
By Биљана Секуловска on November 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто да биде проблем трговската марка Macedonia the GReat, која ја промовираше грчиот премиер Мицотакис?

Зарем тоа не е нашата заедничка идеја- и на Грција и на Македонија, да станеме големи?

Не во територијална смисла, се разбира, затоа што моќта на една држава најмалку може да биде тоа- нејзините илјадници, милиони километри.

Зарем не може да имаме шанса да станеме големи- ако не се прекршува Преспанскиот договор и се почитува во целост.

Да почнеме да говориме на ист јазик, да го заборавиме балканскиот, кој со векови не ни служеше за ништо вредно и големо. Да го научиме вистинскиот јазик, да го закопаме секој друг- оној на подметнувања, потценувања, обвинувања, големи и ситни препирки, мали и длабоки поделби, омраза, гнев и јад кон другиот.

Зошто таквата Македонија- и онаа на грчкиот дел и оваа, на македонскиот, не би станала една- во таквата големина?  Не во опсегот, не во броењето чекори кој повеќе поседува земја, пасишта, ниви и градови, туку голема во некаков европски, цивилизиран дух.

Со таквата големина се копнее по отворање на границите, тие стануваат историја, тогаш кога новата идеја за големина се разбира докрај и се почитува без болка во градите ако некој друг го спомне името, кое го делиме со векови.  Големината на името Македонија не значи ништо, само онака попат кажано, повторувано со фиксација за светост, која оди до загрижувачки размери.

Не може да значи ништо добро и кога е напишано со големи црвени букви, излепено насекаде, за да се подвлече национализмот, лудилото, опседнатоста за едно име, на кое секогаш мора да му се даде вистинско значење, за да стане навистина важно и големо.

Тогаш, кога нема да има потреба од официјални договори, заверувани потписи и јавни обрзувања за добрососедство и пријателство, тогаш кога сето ова ќе се подразбира, затоа што не само што мора да се живее заедно, туку и се сака.

Да се биде навистина заедно со соседите, балкански, некогаш биле непредвидливи, денес само најдобри пријатели- тогаш, навистина некој иден Мицотакис ќе има право- Македонија е голема, затоа што сите заедно сме созреале низ вековите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.