Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болните од леукемија останаа без неопходниот лек поради два поништени тендери

0
By Менче Атанасова Точи on November 18, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 18, 2019 08:38

Веледогериските моќници повторно се обидуваат да се богатат на сметка на тешко болните, а бирократските процедури само ја отежнаа и блокираа набавката на лекот

Околу 130 луѓе заболени од леукемија(хронична миелоична лекемија) останаа без неопходниот лек поради два пропаднати тендери, дознава НОВА. Станува збор за лекот Иматиниб кој пациентите не го добиваат веќе една недела бидејќи залихите се потрошени. Тендерите пропаднале-едниот поради однапред договорени цени на добавачите и вториот поради бирократски процедури.

„Седум години го примам лекот кој е неопходен за мојата болест.  Порано добивав по една кутија со 30 таблети и тоа ми е  доволно за еден месец. Во последните 1 до 2 месеца добивав по една лента на секои седум дена. Веќе една недела сум без терапија, ми рекоа дека лекот го нема заради поништени тендери“, изјави за НОВА, 34 годишна пациентка од Скопје, која боледува од хронична миелоична лекуемија(ХМЛ).

Оваа млада жена вели дека пациентите како ја завршуваат терапијата, така остануваат без лекови. Ситуацијата е критична и алармантна , а надлежните се уште не се изјаснуваат за што се работи. Во обид да дознаеме што се случува дури наидовме на молк од сите страни.

Извори за НОВА, велат тоа е така за да добијат во време додека дојдат до некакво привремено решение на проблемот.

Сепак, НОВА неофицијално од лекарски извори(што го потврдија повеќе извори)дознава дека биле поништени два тендери-едниот распишан на Клиниката за хематологија и вториот од Министерството за здравство. Во првиот случај на пациентите им пресудиле две веледрогерии кои на тендерот се јавиле со иста, однапред договорена и многу висока цена, дури за 30 до 40 пати повисока од реалната и ниту еден не сакал да попушти и да ја намали цената, по што тендерот бил поништен.

Во вториот случај на јавната набавка на Министерството за здравство набавката ја добила една фирма, но втората ја обжалила одлуката бидејќи на избраната фирма не и била обновена дозволата за промет. Поради тоа и овој тендер бил поништен. Наводно, се подготвува нов тендер кој треба да биде распишан на 22 или 24 ноември, за што нема официјална потврда.

Нашите извори велат дека во моментот надлежните прават обиди како да се најдат лекови за пациентите со леукемија. Извори за НОВА, велат дека се бара начин да се реши проблемот со интервентен увоз или  најверојатно со донација. Но, лекарите велат дека тоа ќе го реши проблемот за еден месец, но што понатаму кога се знае дека тендерската постапка трае со месеци, а на крајот може повторно да биде поништена. Тие се загрижени со што ќе се лекуваат овие најтешко болни за тоа време.

 

Пепо Леви, Здружение на пациенти со ХМЛ

Во Здружението на пациенти од Хронична миелоична леукемија (ХМЛ) велат дека испратиле писма со известување до сите надлежни институции,  ургентно да се реши проблемот.

“Добив информација пред една недела дека пациентите се оставени без лекови. Работиме на итно решавање на проблемот, известени се сите надлежни. Не прифаќаме бирократски процедури, мора нешто да се смени во постапките. За да се ублажи проблемот сега, надлежните ветија дека по пат на слободно договарање или преку интервентен увоз до вторник или среда ќе има некоја количина на лекови, но лековите уште не се пристигнати“, изјави за НОВА Пепо Леви претседател на Здружението.

 

НОВА во петокот на 15 ноември испрати прашања до Клиниката за хематологија, за да објаснат што се случува со набавката и кога пациентите ќе добијат лекови, но одговор се уште нема. Објаснување исто така  побаравме и од Министерството за здравство, од каде исто така очекуваме одговор.

Лекот Иматиниб, под името Гливек беше ставен на позитивната листа пред десетина години по многу притисоци од пациентите и медиумите бидејќи болните умираа без лекови. Некои од нив си продаваа имот, возила, станови за да го купат лекот во странство и да си го продолжат животот за извесно време.

Цената на лекот на почеток беше многу висока, се до моментот кога се појавија повеќе производители, по што стана поевтин што значеше големо олеснување и за ФЗОМ.

Последните два  тендери покажаа дека велдрогериските моќници повторно се обидуваат да се богатат на сметка на тешко болните, а бирократските процедури само ја отежнаа и блокираа набавката на лекот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.