НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хематологија обезбеди лекови за пациентите со леукемија за еден месец

0
By Менче Атанасова Точи on November 19, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедени се лекови за повеќе од еден месец за пациентите со хронична миелоична леукемија(ХМЛ), но како понатаму ќе оди снабдувањето со лекот, се уште е неизвесно

Од Клиниката за хематологија велат дека успеале да обезбедат мала количина од лекот Иматиниб за пациентите со хронична миелоична леукемија. Од таму велат дека станува збор за комерцијална набавка со која успеале да обезбедат 120 кутии од лекот и сметаат дека оваа количина ќе биде доволна за нешто повеќе од еден месец.  До крајот на неделата најавија дека ќе стигне и донација од лекот.

„Во петок очекуваме да стигне и донација од 100 кутии со лекот Иматиниб“, велат за НОВА од Клиниката за хематологија.

Како понатаму ќе оди снабдувањето со лекот, се уште е неизвесно. Од Клиниката потенцираат дека преку Бирото за јавни набавки добиле согласност за итна набавка со краток рок до еден месец, како и тоа дека на 22 ноември Министерството за здравство ќе распише тендер за потребниот лек.

Од Министерството за здравство молк. Нема никаков одговор за скандалот  со лекот Иматиниб, за тоа како се дозволило најтешкото болните да останат без неопходната терапија, какви можности предвидува законската регулатива и дали можело да се спречи да дојде до тоа пациентите да останат без лекот.

Во исто време, надлежните и понатаму продолжуваат да го кријат името на веледрогериите кои однапред се договориле да настапат со енормно високи цени на лекот и да не отстапуваат  од цената.

На Клиниката се правдаат дека сето тоа спаѓа во „презумција на невиност“, не водејќи сметка дека со ова го довеле во опасност здравјето и животот на 130 пациенти со хронична миелоична леукемија, за што одговорност имаат и инстутуциите кои ги обезбедуваат лековите.

Како што веќе објави НОВА, околу 130 луѓе заболени од леукемија(хронична миелоична лекемија) десет дена останаа без неопходниот лек Иматиниб поради два пропаднати тендери-едниот поради однапред договорени цени на добавачите и вториот поради бирократски процедури.

Откако НОВА, објави за овој скандал вчера од Клиниката за хематологија информираа дека поднеле барање за поведување на прекршочна пријава до двете компании (економски оператори) кои учествувале како понудувачи на последниот тендер за набавка на лекот Иматиниб, „заради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на компаниите и заради здружување за остварување на енормно големи профити на сметка и штета на јавните средства и на пациентите заболени од Хронична миелоична леукемија (ХМЛ)“.

Дали за сето ова по допрен глас, ќе реагираат од Основното јавно обвинителство и од Антикорупциска комисија, останува да се види.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.