Кога ќе го погледнеме Буџетот за 2014 година, повторно ќе видиме три нешта. А тоа е: Владата на Република Македонија ќе продолжи масовно да се задолжува, повторно и за жал на граѓаните ќе имаме прекршочни казни и глоби, и трето, повторно оваа власт ќе троши непродуктивно пари, изјави од говорницата пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески.
– Бомбандирани се граѓаните од тоа колку убаво се живее во Република Македонија. Ама тоа е на реклами. Кога ќе излеземе од ова Собрание, реалноста е сосема поинаква. Страотна сиромаштија, страотна беда. Е така живеат граѓаните во Република Македонија.
– Реалноста во Република Македонија е дека над 400.000 граѓани, претежно млади во изминатите години ја напуштија Република Македонија. Во моментот, најголем дел на луѓе се во процедура на вадење на бугарски пасоши, со коишто планираат да ја напуштат. Не може да се избега од фактот дека оваа власт е виновна за напуштањето на над 400.000 луѓе. Бидејќи 8 години е на власт и со никакви мерки, коишто евентуално во реплики би ги слушал, вие тоа не можете да го спасите. Тоа се лажни мерки. Затоа што на некој за самовработување му дадете 3.000 евра, а УЈП 3.500 евра го казнува, истакна меѓу другото Сугарески.




