Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јане Велковски и другите шест деца го примија лекот „Спинраза“

0
By Менче Атанасова Точи on November 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2019 14:52

Јане Велковски и останатите шест деца со спинална мускулна дистрофија денес го примија лекот „Спинраза“. Јане уште веднаш по апликацијата на лекот побрза да стави фотографија на својот Инстаграм профил каде напиша„Мисијата е завршена“.

Неговата мајка Деница Велковска вели дека се поминало во најдобар ред и дека се среќни што почна да го прима лекот.

„Пресреќни сме сите родители. Јане денес ја прими првата доза радосен е и се чувствува добро, затоа веднаш откако го прими лекот објави фотографија на Инстаграм. Во наредните шест часа ќе биде под лекарски надзор. Следната доза ќе ја прими за 14 дена, третата по 28 дена, четвртата на 58 дена, а потоа на секои 4 месеци“,  изјави за НОВА, Деница Велковска мајка на Јане.

Лекот им го аплицирале лекари од Клиниката за детски болести под водство на лекар од Хрватска со искуство во оваа проблематика и тоа заради покомплицираните случаи, децата кои имаат изразено искривување на рбетот бидејќи лекот се става во рбетот.  Сите деца се чувствуваат добро, но во наредните шест часа ќе бидат под лекарски мониторинг, потврдија на Клиниката за детски болести.

Одделот за неврологија на Клиниката за детски болести е изолиран и стерилизиран за да не дојде до некоја инфекција.

И министерот Филипче веднаш по примањето на лекот се фотографираше со Јане и со уште едно дете во болничката соба.

Од Министерството за здравство велат дека го зголемилее буџетот на Програмата за ретки болести. Во 2016 година, буџетот изнесувал 203 милиони денари, додека пак во предлог-буџетот за 2020 година предвидени се 527 милиони денари.

„За две години, воведовме пет нови лекови: за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза“, потенцираат од Министертвото за здравство.

По две години борба и разни перипетии на Јане и негово семејство лекот „Спинраза“ е набавен и во наредната година ќе го примаат сите седум деца кои се регистрирани со спинална мускулна атрофија(СМА).

Лекот кој дава добри резултати кај СМА, од минатата година се користи во САД  е одобрен за употреба и во Европа. Родителите на децата се надеваат дека лекот ќе се набавува континуирано за да можат децата да го примаат редовно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.