Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еурактив: Македонските етнички Албанци губат трпение околу преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on December 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2013 12:25

Етничките Албанци во Македонија ги повикуваат странските лидери да и помогнат на земјата да го реши спорот со името со Грција и да почне преговори за членство со ЕУ. Но, ЕУ покажува разочараност од напредокот на земјата кон демократските стандарди, пишува европскиот портал Еурактив денес во текст со наслов “Македонските етнички Албанци губат трпение околу преговорите со ЕУ”.

Порталот пренесува разговор со вице премиерот на Македонија Фатмир Бесими кој ја повикува меѓународната заедница, особено ЕУ и НАТО, да помогнат во спорот.

“Сегашната ситуација е предизвик за нашата земја; очекувањата се различни во различните етнички групи. Поинтензивен ЕУ процес ќе ја држи земјата обединета и во иднина”, вели Бесими.

Текстот потсетува на статуата на цар Душан и контроверзите околу неа но и на последните заклучоци на ЕУ за Македонија.

“Албанската заедница е незадоволна со недостигот на напредок на европската агенда. Тие сметаат дека напредокот кон ЕУ ќе ги засили можностите за работни места и дека ќе им помогне напредок на нивните права”, вели Бесими. Тој смета дека Македонија ќе продолжи да разговара со Грција под Обединетите Нации, но “потребна ни е меѓународната заедница како ЕУ, земјите членки, НАТО или САД. Не прејудицирам за тоа каков формат треба да има но видовме дека ЕУ успешно се ангажираше во билатерланиот спор помеѓу Србија и Косово или Словенија и Хрватска”.

Иако Европската комисија (ЕК) смета дека Скопје е подготвено за преговара со ЕУ, процесот не започнува поради спорот со името. Текстот потсетува за заклучоците на ЕУ од оваа недела кои подвлекуваат “длабока поделеност помеѓу политичките партии кои влијаат врз функционирањето на Собранието” како и тоа дека политичката криза од 24 декември ја влошила ситуацијата.

Еурактив потсетува исто така дека минатата година ЕУ во декември, пред настаните од 24 декември со Собранието, на земјата и даде еден вид “пред-скрининг” процес додека годинава речникот на ЕУ не е толку амбициозен и предизвикал разочарување во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.