Published: Thursday, December 19, 2013 14:09
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е отворен за авиосообраќај. На пладне беше реализирано слетување на турската компанија од Истанбул. После 13 часот одлетаа и авионите за Дизелдорф и Истанбул.
Поради маглата авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“ беше во застој од вчера.
Претпладнево голем број летови беа откажувани или пренасочувани на аеродромите во Охрид, Софија и Белград.
Полетувањата на авионите за Загреб и за Истанбул беа откажани, а други пет се одложени.




