Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски во прв план да ги стави стратешките интереси не популистичките политики

0
By Нова ТВ on December 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2013 14:44


СДСМ изрази сериозна загриженост што и овојпат Советот на ЕУ не додели датум на Република Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Во врска со објавените заклучоци на Советот за општи работи на ЕУ и во пресрет на утрешниот Европски совет, СДСМ потсетува на последната Стратегија за проширување на Европската Унија. Во неа, за периодот 2013-2014 од 16 октомври 2013 година, се вели дека “билатералните спорови не смеат да го кочат процесот на пристапување“.

„СДСМ изразува загриженост поради вчерашното обраќање на Високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон во Комисијата за надворешни односи при Европскиот парламент во коешто се реферираше за напредокот на сите други држави од Западен Балкан, освен за Македонија и Босна и Херцеговина. Укажуваме дека Инструментот наречен Пристапен дијалог на високо ниво може да го надополнува процесот на пристапување, но никако и да го замени, како и дека молчењето не помага никому, истакна денеска на прес-конференција Лидија Димова, претседател на Совет за ЕУ интеграции на СДСМ.

– Република Македонија 8-ми пат по ред се соочи со неуспех на патот на евроинтеграциите. Што се однесува до состојбите во земјава и тоа што зависи од Македонија – јасна е пораката дека Македонија има проблематично досие кај владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на изразувањето, високата невработеност, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор како и околу Стратегијата за ромската популација. Квалификацијата дека власта во Македонија не прави разлика меѓу државата и партијата и дека лошо се управува со јавните финансии ја враќаат Македонија 20 години назад, во 90-тите, на самите почетоци на градењето независна Македонија.

– Потенцираме дека власта мора да ги корегира своите политики што испраќаат лоши пораки до Европската Унија. Во време на одржување на Европскиот совет, кога сите засегнати земји во Брисел лобираат, се борат, за подобри заклучоци, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Поповски беше во Индија. Може само да се претпостави каква порака испрати тоа кај министрите за надворешни работи на државите-членки на ЕУ. За потсетување, во 2005-тата, Македонија го доби кандидатскиот статус за ЕУ исклучиво на силната посветеност на СДСМ кон евроинтеграциите на земјата.

– СДСМ апелира до власта на Никола Груевски во прв план да ги стави стратешките интереси на Република Македонија наместо популистичките политики што го усложнуваат проблемот што го има земјата во евро-атлантските процеси, рече пред новинарите Лидија Димова, претседател на Совет за ЕУ интеграции на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.