Грција не само што не сака да го реши спорот со името, туку и не сака да дозволи да се зачлениме во НАТО и да почнеме преговори за ЕУ. Ако се има предвид дека се поголема држава, помоќна, имаат посилни капацитети и лобирање, членка се на ЕУ и НАТО, успеваат повремено да создадат перцепција кај луѓето во Брисел дека ситуацијата е обратно-дека тие прават се да се реши проблемот, а ние сме тврди и националисти, вели премиерот Никола Груевски во емисијата „Interview 20“ на босанската телевизија БХТ.
Тој истакна дека Грција не сака да го реши овој проблем со компромис. „Купуваат време, зашто правиме сè што е во наша моќ“.
-Да не беше препреката на Грција ќе бевме на крајот на преговорите, доколку Грција не не стопираше. Сега ќе зборувавме дали во март или јуни ќе станеме официјално членка на Европската Унија. Самарас одби сè, имав и писма и сè, ама одби да разговараме, како луѓе, како соседи. Тој ги одби сите мои апели за средба и разговор“, изјави Груевски.
На прашањето дали се обидел да ги вклучи САД или некој од посредниците за да организирааат состанок со грчкиот премиер, Груевски одговара:
„Сум се обидел, ама неуспешно беше. Не доаѓа воопшто, не прифаќа средба“.
Премиерот вели дека не се точни тврдењата дека со спомениците, посебно на Александар Велики, била испровоцирана Грција.
„Ние и да ставиме споменици и да не ставиме, односот на Грција е исти. До периодот кога не блокораше во НАТО, немавме ни споменици ни ништо. Што и да направиме, главниот резултат е ист. Па тогаш рековме, па ајде да направиме тоа што го сакаме, кога и вака и онака Грција не попречува. Тоа не е инает, туку начин на резонирање. Ние го завршивме нашиот проект, немам намера да финансираме нови“,рече Груевски во емисијата „Interview 20“ на босанската телевизија БХТ.




