„Околу мене е раководството на СДСМ, пратениците, советниците, но ни недостасува Претседателот на нашата партиска организација во Центар, Мирослав Шиповиќ. Тој денеска не е овде со нас бидејќи е Претседател на советот на Општина Центар. Сите знаеме што се случува во оваа наша Македонија. Жално е тоа што вчера слушнавме дека притворот за Шиповиќ е продолжен, со единствена цел да биде блокирана работата на Општина Центар“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.
И после извештајот на Европската унија оваа Влада продолжува токму спротивно да ги практицира сите укажувања од страна на Европската унија нотирани јасно и гласно во извештајот. Покажува заби, дрско и арогантно практицира власт во Република Македонија, додаде тој.
– Само да напоменам, притворот на Шиповиќ беше издаден под сомневања да не се пушти во бегство. Тој спротивно на тоа, го прекина својот престој во Америка и се врати назад. Овој пат притворот е продолжен со две мерки. Да не се пушти во бегство и да не влијае врз истрагата. Истрагата е завршена, сведоците се сослушани, тој повеќе не е претседател на управниот одбор и сите знаат дека тој нема да се пушти во бегство.
– Сакам да напоменам уште еднаш. Социјалдемократскиот сојуз ќе ги искористи сите средства кои што ни стојат на располагање да правдата дојде, и за овој случај и за сите останати кои ги има во Македонија. Зборуваме за сите средства кои ни стојат на располагање, рече Заев.




