За време на владеењето на ДПМНЕ Република Македонија стана недемократско општество, со власт која е целосно корумпирана, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, пред граѓаните во Кисела Вода.
– За време на владеењето на ДПМНЕ повеќе пари се одвојуваа за богатите, кои стануваа се побогати а граѓаните стануваа се посиромашни.
– За време на владеењето на ДПМНЕ над 400 000 граѓани, од кои 230 000 млади луѓе си отишле и можеби засекогаш ја напуштиле Република Македонија.
– Какви анализи уште се потребни за сите да сфатат дека Никола Груевски ја води државата кон политички амбис и економска катастрофа.
– Но има решение. Секогаш кога беше тешко СДСМ бил тука за да помогне. Кога беше тешко СДСМ работеше во интерес на сите. Истото беше и во 90-тите, но и по конфликтот од 2001 година. Правевме се за да ја стабилизираме државата. Денес, повторно е време да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат.
– Тимот на Зоран Заев има програма со која ќе ја промени оваа лоша состојба. Парите ќе ги вратиме кај граѓаните. Ќе ја вратиме и средната класа. Ќе инвестираме во нови работни места за младите и ќе ги задржиме во земјата. Ќе ги вратиме солидарноста и еднаквоста. Ќе ја вратиме и социјалната правда. Бараме правда за сите а не само за власта. Бараме праведно општество денес, а не утре.
– Веќе сме сигурни дека граѓаните на Македонија, а деновиве и на Скопје, ја поддржуваат нашата програма за подемократска и побогата Македонија. На сите им е јасно дека без побогати граѓани нема ниту демократија, ниту напредок.
– СДСМ сака ДА ЈА ПОБЕДИ оваа корумпирана власт на ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ. Без лажни ветувања и без насилство! Со добра политичка програма!
– СДСМ сака да извојува убедлива ПОЛИТИЧКА ПОБЕДА и да ја порази оваа забегана власт која го загуби компасот и не знае каде плови.
– Брисел му даде црвен картон на Груевски. Значи, време е за промени!, рече Спасовски.




