НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уништените инсулини ќе се надополнуваат од постоечките-можна ли е криза за пациентите

0
By Менче Атанасова Точи on December 11, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извори кои ја познаваат проблематиката за НОВА велат дека стоковите резерви постојано се обновуваат и нелогично е тие да биле стари, од 2016 година како што тврдат надлежните 

Инсулините кои се уништени се од паралелен увоз и се набавени со тендерот од 2016 година, тврдат за НОВА, во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД). Од таму потенцираат дека законските измени во делот на паралелниот увоз налагаат повисоки стандарди за квалитет кои треба да се исполнат при ставање на секој лек во промет.

„Станува збор за инсулини кои се чувале во веледрогеријата „Зегин“ и се дел од државните стокови резерви. Инсулините се од производителот „Новонордиск“ и се набавени со тендерска постпка спроведена од Министерството за здравство во 2016 година. Поголема количина од овие инсулини се со рок пред истекот на важноста. Сите инсулини се увезени согласно одредби кои биле пропишани во Законот за лекови и медицински помагала но, истите не се повеќе во важност. Законските измени во делот на паралелен увоз предвидуваат повисоки барања и стандарди за потврдување на квалитетот на лековите  кои е потребно да се исполнат при ставање на секоја серија на лек на пазарот“, велат за НОВА од Агенцијата за лекови(МАЛМЕД).

Сепак, од суштинско значење по уништувањето на оваа количина на инсулини е дали во државните стокови резерви има доволно инсулини, за колку време  и колкава количина. Како ќе се надополнат стоковите резерви кои се неопходни во случај на вонредна состојба, еколошка катастрофа, елементарна непогода  или при поголемо нарушување на пазарот, дали за тоа ќе биде потребен нов тендер за кој се знае дека процедурата трае подолго.

Од Министерството за здравство велат дека нов тендер нема да биде распишан бидејќи дел од инсулините од последниот двегодишен тендер ќе бидат насочени кон стоковите резерви.

„Нема да има нов тендер за инсулини, дел од последната набавка ќе оди во стоковите резерви. Инсулинот кој што е уништен е од стоковите резерви и е увезен со постапка на паралелен увоз во претходната Влада, пред стапување на сила на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицинските средства („Службен Весник на Република Македонија, број 113/2018). Поради тоа што инсулинот повеќе не одговара на сега пропишаните одредби во Законот за лекови и медицински средства, Владата донесе одлука истиот да се отпише и соодветно да се уништи, а потребите во Стоковите резерви согласно Програмата за стокови резерви соодветно да се надополнат“, се вели во одговорот за НОВА, од Министерството за здравство.

Сепак, нејасно дали количината инсулини предвидена со двегодишниот тендер ќе биде исцрпена со префрлање на дел од нив во стоковите резерви. Дали постои опасност од недостиг на инсулини без да се трошат стоковите резерви и како тоа ќе се реши.

Извори кои ја познаваат проблематиката ја потенцираат дилемата за тоа дали воопшто биле стари уништените инсулини.  Тие за НОВА објаснуваат дека уништените инсулини биле од два добавувачи, а биле чувани во фрижидерите на „Зегин“како стокови резерви. Од причина што една година бил истечен договорот со Министерството за здравство за чување на инсулините, од „Зегин“(каде бесплатно ги чувале цела година) повеќе пати барале да бидат отстранети инсулините од кај нив. Но, потенцираат дека според законската процедура лековите од стоковите резерви постојано се обновуваат.

“Од причина што количината мора постојано да се обновува, тие не можат да бидат постари од 12 месеци и нелогично е инсулините да биле со стари рокови како што се тврди. Стоковите резерви постојано се заменуваат и нема можност да бидат пред истек на рокот или од пред 3 години, односно од 2016 година“. посочуваат извор за НОВА, кои се упатени во оваа проблематика.

Препукувањата на релација ВМРО ДПМНЕ и здравствените власти траат неколку дена, откако опозицијата излезе со прес конференција на која обвинија дека на 5 декември бил уништен инсулин во вредност од 1,5 милиони евра, шест месеци пред истекот на рокот.

По ова, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера најави дека ќе го проверува случајот со уништените инсулини на Министерството за здравство, дека ќе се проверува потеклото на инсулините и процедурата на нивното уништување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.