Советот за јавни набавки ќе функционира во рамките на организациската поставеност на Бирото за јавни набавки, а неговите членови ќе ги бира директно Владата и за својата работа Советот за јавни набавки ќе одговара директно пред Владата на Република Македонија, информираше денеска портпаролот на Владата Александат Георгиев.
Според него улогата на овој совет ќе се огледа пред се во издавањето на специфичните согласности за реализација на специфични јавни набавки, и во случаите на издавање на специфични согласности за реализација на јавни набавки во специфични услови.
Советот ќе биде составен од пет члена кои ги именува Владата за период од 4 години со право на резибор. Она што сакаме особено да го акцентираме на оваа прес – конференција е дека Владата веќе го има распишано јавниот конкурс за членови на Советот за јавни набавки, кој ќе трае до петок, 27.12.2013 година. Апелираме до граѓаните за искористување на оваа можност и за конкурирање на истиот.
Членовите на Советот за јавни набавки не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија или Владата на Република Македонија.




