Угледниот британски весник The Economist ги рангираше Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина меѓу земјите на кои во текот на следната година им се закануваат социјални немири.
Во таканаречената црвена зона рангирани се 17 земјите кои се под закана од голем ризик од масовни протести: Грција, БИХ, Аргентина, Боливија, Египет, Сирија, Либан, Ирак, Венецуела, Зимбабве и Либија.

Во зоната на висок ризик, вброени се 46 земји, дури и 10 европски, а меѓу нив е и Македонија, потоа Хрватска, Шпанија, Украина, Молдавија, Турција, Белорусија, Романија, Бразил, Кина, Мексико, Мароко, Иран…
Словенија, Србија и Унгарија влегоа во категоријата земји со среден ризик, каде се вброени: Велика Британија, Ирска, Франција, Шведска и други.
Најмал ризик од протести имаат: Австралија, Данска, Јапонија, Луксембург, Норвешка и Швајцарија.



