Македонија втора година по ред е на врвот на листата на земји според невработеност. ММФ предвидува дека речиси една третина од работниците во земјава ќе бидат без работа и во оваа година, објавува Си-Ен-Ен во најновото истражување за светските економии.
Македонија заедно со Централната африканска република, Иран, Малави и Јапонија се рангирани како топ пет најлоши економии во светот за 2013 година.
Во текстот пишува дека што се однесува до Македонија, се очекува скромен пораст во економијата. Сите земји по различни параметри ги завземаа непопуларните места- Македонија поради невработеноста од 30 %, Централната Африканска Република има најсилен пад на БДП од 14,5 %, Малави со најнизок БДП по глава на жител од 215 долари, Иран има инфлација од 42,3 %.




