Published: Monday, December 23, 2013 19:48
Двајца доктори попладнево се уапсени во Скопје. Станува збор за професор доктор и специјализант од Клиниката за уво нос и грло, потврдуваат за НОВА извори од оваа установа.
Според информациите на НОВА, полицијата ги фатила како примаат поткуп и во моментов таа се наоѓа на Клиниката, спроведувајќи истрага за двајцата доктори под сомнение за поткуп.
Официјални информации од МВР нема се уште.




