Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е вплеткан во мрежата за продажба на неквалитетни горива?

0
By Нова ТВ on December 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 22, 2019 19:04

Државниот пазарен инспекторат земал мостри од горивото кое цистерните на „РКМ Скопје“, компанија на Ратко Капушевски, кој се споменуваше пред неколку дена како можна мета на експлозивна направа, го превезувале од странство за домашниот пазар. Случајот први го пријавија хрватските власти кои анализирале дека била натоварена смеса од мазут и од масло за транформатори, опасен отпад по здравјето.

Дополнително, на домашен терен актуелна е аферата со екстра лесното гориво на „Тритерол петрол“ кое завршува како средство за греење во многу државни институции, па и училшта и градинки. По текстот на Нова ТВ дека неколку институции, корисници на нафтата на оваа фирма, пријавиле во пазарна инспекција дека не се задоволни од квалитетот и дека горивото им ги оштетува системите за греење, инспекторите зеле примероци и од таа нафта на „Тритерол петрол“.

Новост е дека од „Тритерол“ пред пазарните инспектори тврделе дека тие ја купуваат нафтата за греење од други компании на македонскиот пазар, како „Јавор шпед“ и „Супер трејд“, а потоа ја дистрибуирале низ установите со кои имаат договор. За да се открие кој ја меша нафатата и и го намалува квалитетот, а со тоа страдаат системите за греење, односно ученици и деца во училиштата и градинките остануваат без топлина во зимските денови, земени се мостри и од горивото на овие две фирми.

 

 

Од пазараната инспекција пренесуваат дека ќе се направат анализи на сите горива, и сомнителното на „РКМ Скопје“, како и на нафтата за греење на „Тритерол петрол“, „Јавор
шпед“ и „Супер трејд“.

Пецови не одговараат на новинарските прашања 

По објавата на сторијата на Нова ТВ дека државни институции пријавиле неквалитетна нафта за греење од страна на Тритерол петрол, сопствениците воопшто не одговорија на новинарските прашања во текот на неделата. Запрепастувачки е како Ангел и Љупчо Пецови од Неготино експресно станале фактор во нафтениот бизнис ако се знае дека пет до шест години поминаа во затвор, и ако е точно, како што се објави додека траеше судскиот процес „Керозин“, дека ним им е одземен милионски имот заедно со цистерните и камионите.

Покрај нив двајца, на кои прво Апелација им ја намали казната, а потоа имаа среќа па ги амнестираа во 2017 година, осудени беа уште десетина други. Тогаш Јавното обвинителство докажа дека Пецови доставувале помала количина нафта за греење низ институциите и така ја оштетиле државната каса за три милиони евра, Но ете, конекциите и умешноста за дилање нафтени деривати ги исфрлаат таткото и синот од Неготино како едни од главните играчи.

Од пазарната инспекција очекуваат дека за неколку дена ќе има резултати од анализите на земените примероци и дека потоа ќе може да се утврди чија е одговорноста за дистрибуцијата и продавањето на неквалитетно гориво за греење.

Граѓаните алармираат дека шверцот им се случува пред очи

И додека Пецови не сакаат да споделат информации со јавноста, деновиве, неколкумина граѓани од Неготино ја контактираа Нова ТВ со изнесување на загрижуваки информации поврзани со шверц и со мешање на горива во околината на градот. Тие, плашејќи се за својата безбедност, тврдат дека постојано се сведоци како цистерните на „Тритерол петрол“ разнесуваат секаков вид горива, но се сомневаат дека претходно се мешаат со други смеси кои од една страна го ослабнуваат квалитетот, а од друга, ја зголемуваат количината на горивото.

Така постои можност фирмата нелегално да заработува, а притоа и да предизвикува штети врз грејните системи низ институциите. Директорите на установите кои пријавиле проблем со греењето и изразиле сомнеж дека нафтата која им се доставува е со сомјителен изглед и квалитет, со нетрпение ги очекуваат резултатите од анализите на пазарниот инспекторат, за да се осигураат што навистина им се носи и дали некој ќе понесе одговорност.

Дополнително, неготинци раскажуваат дека имотот на Пецови како никогаш да не бил одземен во судскиот процес „Керозин“ затоа што тие веднаш по излегувањето од затвор одново ги запоседнале локациите на кои биле. Дури имаат и бензинска станица „Ангел петрол“ на која, како што пренесуваат, биле вработени сопругите на двајца полицајци, високо позиционирани, за кои претпоставуваат дека се заштитници на Пецови.

Истражните органи ќе треба да ги проверат и сознанијата на граѓаните кои дојавуваат дека увозот на нафта и на масла се прави преку Чешка и Грција. На крајот, тие пишале до Нова ТВ затоа што се плашат дека ниту еден државен орган не им може ништо на Пецови.

Независна експертиза на нафтата за греење

Додека надлежните институции испитуваат која фирма какви горива продава, треба да се има предвид дека пред неколку седмици е направена и независна експертиза на горивото за греење по барање на една државна институција. Официјално никој не сака да ги соопшти резултатите, но информациите говорат дека нешто не било во ред со нафтата за греење на „Тритерол петрол“.

Дали истото ќе го покаже и анализата на Пазарната инспекција ќе се знае наскоро. Но, потоа, ако е така, не смее да не се преземат мерки и да се спречи понатамошна дистрибуција на неквалитетна нафта за греење.

 

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски во телефонски разговор потврди дека неговата општина ќе треба да плати милион евра на „Тритерол“ за снабдување со нафта на општинските установи, пред се училиштата и градинките.

 

„Ние имаме договор кој треба да почне да важи од први јануари. Во моментот сè уште набавуваме нафта од друг дистрибутер. „Тритерол“ имаше најниска цена во понудата на тендерот, а Законот за јавни набавки нè обврзува дека мора да ја избереме компанијата со најповолна понуда. Кога дознав дека „Тритерол“ ќе победи на тендерот ја известив полицијата дека станува збор за сомнителна фирма, односно дека сопствениците се штотуку излезени од затвор, но со оглед дека „Тритерол“ ги поседува сите дозволи за работа, ние немавме начин како да ги спречиме да не го добијат тендерот“, изјави Бочварски.

Сега и тој, по информациите за неквалитетна нафта, е загрижен и очекува надлежните институции кога ќе завршат со анализа на мострите да ги известат сите општини кои имаат договор за набавка на нафтата на „Тритерол“, за да знаат дали да почнат или да продолжат со соработката со таа фирма или да најдат начин како да престанат да набавуваат гориво доколку се покаже дека навистина содржи смеси кои му го ослабуваат квалитетот.

Што се однесува до цистерните на „РКМ“, кои ги споменавме на почетокот, тие беа стопирани во Хрватска и проверени таму. Потоа Царинската управа од Загреб за порталот МКД потврдила дека откриле неточно декларирање на стоката, во смисла дека се работи за превоз на опасен отпад. Затоа покренале постапка поврзана со враќање на стоката кон испраќачот, а даден е налог за прекршочна постапка во согласност со царинското законодавство.

За останатите пратки за кои не е утврдена неправилност, овозможен е непречен превоз до крајното одредиште. За разлика од нив од македонската царинска управа информираат дека нема неправилности во документацијата, ниту во декларираната стока и таа е ослободена.

„Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“, пренесуваат од Царина.

Дали некој во власта ги штити фирмите за набавка на гориво за греење и дали постои закон и волја некој да им застане на патот на шверцерите на горива?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.