Стоматолизите бараат Фондот за здравствено осигурување да ја зголеми капитацијата, како и лимитот на специјалистичката дејност, отстранување на забниот техничар од специјалистичката дејност или примена на комбиниран модел на финансирање.
Со ова сметаат дека ќе се стимулираат приватните стоматолошки ординации да вработуваат млади доктори по основ на капитација и ќе се создадат услови за генерациски континуитет во стоматолошката професија.
-Овие промени се потребни за стимулирање на професионалците и ефикасност во работата, како и создавање на легитимна конкурентност во работата изјави професор Марија Накова претседателка на Стоматолошката комора на РМ, на трибината „Стоматолозите по потрага на одговори“.
На дебатата акцентот беше ставен на на превентивната стоматологија која е финансирана целосно од страна на државата. Исто така, комората препорачува спроведување на систематски прегледи еднаш годишно на децата од претшколска, школска возраст, учениците од средните училишта, студентите и вработените. Со трансформацијата на стоматологијата од 2004-та година, 90 проценти од ординациите станаа приватни.




