НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бегалците пред вратата на здравствениот систем

0
By Менче Атанасова Точи on December 25, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за косовски бегалци Роми кои 20 години се заглавени во системот. Меѓу нив е и тешко болната Јасмина Шаќири која поминува голгота низ лавиринтите на македонското здравство 

Во државата има 213 бегалци Роми дојдени за време на кризата во Косово кои веќе 20 години се заглавени во системот. Тие со години се обидуваат да се интегрираат во општеството, но велат, дека тоа оди тешко бидејќи се соочуваат со проблеми во однос на здравствениот систем, социјалата, со дискриминација.

Едно од нив е семејството на Мусли Шаќири кои имаат признаен статус на бегалци. Откако неговата сопруга се разболела, тие во последните месеци поминуваат низ голгота, одејќи од врата до врата низ лавиринтите на здравствениот систем.

Јасмина Шаќири, сопругата на Мусли, боледува од карцином на белите дробови и е во многу тешка здравствена состојба. Ја пронајдовме во една мала соба во изнајмената куќарка на нејзиниот син во населбата Шуто Оризари, како се превиткува од болки. Седната покрај шпоретот во кој гореа картони и искршени гајби, одвај зема здив за да ни раскаже дека тука дошле привремено со нејзиниот сопруг, од Визбегово каде што се сместени со дел од бегалците од Косово, само за да се стоплат бидејќи таму немаат струја и греење.

„ Во зградата во Визбегово е многу студено, исклучена е струјата, не можевме да плаќаме. Многу одење во болница имавме, многу трошоци, а болеста не реагира на хемотерапијата, влошена ми е состојбата“, ја започна својата приказна со тивок глас, Јасмина.

Таа, нејзиниот сопруг Мусли и осумте деца веќе 20 години живеат во државата како бегалци од Косово. Нивните деца склучиле бракови, се помешале со македонски државјани, но никој од нив досега не се стекнал со македонско државјанство.

Иако им следува здравствена заштита како и на сите граѓани, во пракса наидуваат на многу проблеми. Велат дека се случува со месеци да немаат здравствено осигурување поради одредени пречки во системот.

Јасмина вели дека плаќа партиципација како и сите пациенти иако лекувањето за оваа болест е бесплатно. Оваа фискална сметка покажува дека тешко болната жена платила 3.700 денари за да може да го добие резултатот од биопсија.

За Институтот за патологија не било важно што таа е од социјално ранлива категорија и живее со државна помош од 3.500 денари. За споредба, партиципација за вакво слично испитување, бипосија изнесува 150 денари.

Но, фрапантно е дека таа мора да купува и лекови за болка бидејќи во службата за Домашна посета ја нема неопходната ампуларна терапија.

НОВА се увери во тоа, кога во моментот додека разговаравме заsвони телефонот и од Службата за домашна посета ја потсетија дека треба да си ги купи ампулите „Тродон“ за болка зашто тие ги немаат. Се обидовме да укажеме дека болната жена нема пари да ги купи лековите, а и да има нема да и ги дадат во аптека. Гласот од другата страна на телефонот рече дека немаат ампули за сите граѓани, не само за Јасмина и за други социјално загрозени граѓани.

„Така е за сите пациенти кај кои што одиме, не само за нив. Сите си купуваат. Ние само им аплицираме терапија“, одговорија од Службата за домашна посета.

Една солза се стркала на лицето на нејзиниот сопруг Мусли и тивко рече дека до попладне ќе се обиде да најде пари за да ги купи лековите. Но, проблемот се комплицира дополнително бидејќи и да има средства не може да ги купи ампулите „Тродон“ во аптека бидејќи тоа е забрането, потребни се двојни рецепти од матичен лекар. И така во круг.

Овој човек кој и самиот е хронично болен, за кого подоцна разбравме дека некогаш на Косово се занимавал со сликарство вели дека само си ги бара своите права.

„Понекогаш земам белешка од социјално за ослободување од партиципација, но тоа важи само еден месец, не повеќе. Се прашувам каде е нашето право што оваа држава го потпишала со Повелбата на ОН. Каде се основните човекови права, за здравствена заштита, социјала. За една бегалско семејство најважно е да има покрив над глава, потоа вработување, здравствена заштита, социјала, образование“, вели Мусли Шаќири.

Ова семејство е само едно од многуте кои цели 20 години се соочуваат со проблеми, а нивното интегрирање во системот станува невозможно. Иако на хартија ги имаат истите права како и другите граѓани, во пракса велат дека им се случуваат многу небулози.

Во Министерството за труд и социјала објаснуваат дека косовските бегалци се здравствено осигурувани на месечно ниво. Но, низ годините тие се соочуваат со проблеми при примање на здравствените услуги.

„УЈП реагира кога лицето нема активна сметка во Банка и кога повеќе од еден месец сметката не е активна се укинува здравственото осигурување се додека не се активира нова трансакциска сметка“, изјави Дејан Ивковски, раководител на Одделот за азил и меѓународна заштита при Министерството за труд и социјала.

И од Здружението„Млади правници“ кои им помагаат со правни совети и обезбедување на разни документи, велат дека се случувало овие лица да останат без здравствена заштита, односно да имаат застој во здравственото осигурување од неколку месеци иако тоа право им е гарантирано со закон.

„При детектирање на вакви проблеми стапуваме во контакт со Министерството за труд и социјална политика со цел да бидат отстранети тие пречки, а доколку има потреба реагираме и до Народниот правобранител. За сместување и остварување на правото на социјална и здравствена заштита се грижи МТСП“, велат во Македонското здружение на Млади правници.

Семејството на Мусли Шаќири има највисок статус од меѓународната заштита за кој се носи решение, а потоа се продолжува само престојот на секои три години. Но, на овие луѓе ваквиот статус не им нуди трајно решавање на проблемите со кои се соочуваат. Особено, не во ситуации како сегашната- кога здравствена помош е неопходна во секое време, а не само кога сметката во Банка е активна.

На тешко болната Јасмина и е потребно лекување, редовно примање на терапија за болка која во моментот мака мачат да ја добијат. Здравствено осигурување и добивање на добра и редовна здравствена заштита се приоритет и еден од суштинските проблеми во низата што ги мачат косовските бегалци,  кои 20 години се заглавени на дното од кое не можат да излезат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.