Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошков: Боки 13 побара два милиона евра за спас на Митровски од „Бетон Штип“

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 25, 2019 11:29

Во присуство на поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, во „1ТВ“ првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 побарал два милиона евра да го спаси Зоран Митровски, газда на „Бетон Штип“, од истрагата „Поштенска банка“ и други истраги во СЈО. Ова на денешното судско рочиште го тврдеше адвокатот Сашко Бошков, кој со првообвинетиот Бојан Јовановски, како што рече, се сретнал два пати. Тој е третиот на листата на сведоци на обвинителката Вилма Рускоска, Орце и Ана Камчеви.

„Првиот пат се сретнавме во февруари во 2018 година, кога по неуспешниот избор во кошаркарската федерација, побаравме медиумска поддршка. Тогаш уште не беше отворена телевизијата „1ТВ“, па не можеше да соработуваме. Втората средба беше во ноември, кога Боки му се јави на Владо Илиевски и го повикал во телевизијата. Кога отидовме, Боки ме праша дали се знам со Зоран Митровски, на што му одговорив дека ми е кум. Тогаш ме праша дали знам дека има неколку истраги во СЈО. Кога му реков дека е осомничен во „Поштенска Банка“, рече дека има уште неколку, уште четири. Ми рече дека може да помогне“ рече сведокот.

Тогаш, како што рече тој, Боки 13 го прекинал разговорот и се јавил на телефон.

„Не знам со кого зборуваше, но се слушаше женски глас. Зборуваше дека добра и била фризурата, убаво изгледала, а за предметите не спомна ништо. Тогаш заврши и рече дека може да помогне ама треба да се плати два милиона евра. Тогаш на штипски му реков, ти разбираш ли ги парите, и се насмеав“, рече адвокатот.

Тој рече дека тогаш тргнале да си одат, а во ходникот Боки 13 ги запознал со Лазар Јанев, синот на Катица Јанева. Како што рече сведокот, се мислел два-три дена дали да му каже на кумот Митровски.

„Се видов со Зоран, му кажав. Му реков да го пријави случајот. Првин се мислеше, а дури по извесен период пријави. Но, не по редовен пат, не во МВР и во Обвинителството“, рече сведокот.

Бојан Јовановски Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.