Published: Tuesday, December 24, 2013 14:41
Здружението на новинари на Македонија нема да дозволи забошотување на настаните од 24 декември и ако Уставниот суд не констатира очигледна повреда на Уставот, ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
– Мора да има институционална разврска зашто станува збор за тешко повредување на Уставот. Ако ние не инсистирме на тоа до крај, нема никаква гаранција дека нема да се повторат вакви тешки инциденти, прекрушувања на Уставот и на нашите права, како и можноста јавноста да биде информирана. Доколку институциите немаат сила да се соочат со сопствената одговорност, тогаш нашето право ќе го бараме пред Европскиот суд, истакна Селмани на прес-конференција.




