Published: Wednesday, December 25, 2013 08:57
На дневен ред на денешното продолжение на 72 седница на Собранието на Република Македонија се законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и законот за медиуми, двата во второ читање.
На дневен ред пред пратениците е и за барањето за давање автентично толкување на член 196 од Законот за извршување, поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
Пратениците би требало денеска да расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, на Царинскиот закон, сите во второ читање.




