Средба на министерот за животна средина Абдулаќим Адеми со поранешните министри, неговите претходници, но не ги прашал за совет кои мерки треба да се преземат околу алармантната ситуација со загадувањето.
Самиот министер Адеми на прашањето на НОВА зошто не се откаже од службеното возлило како пример и насока да не се користат автомобилите во овој период, тој изјави:
-Обврските не ми дозволуваат, но доколку има добро организиран превоз, би го користел, зошто да не.
До петок ќе важат мерките кои беа предвидени за заштита од загадувањето, односно
мерки за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното, за бремените жени и лицата над 60 години, и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, и контроли во малите фирми.
Владата во петок ќе донесе одлука какви мерки понатаму ќе се преземат.
Повеќе детали од ВИДЕО материјалот.




