– Мислевме дека само шишињата имаат магична моќ да соберат 750.000 евра, сличен марифет имаат и кутиите за чевли и во нив може да се соберат се до 4,5 милиони евра. Се разбира дека тоа не се случи во Македонија, туку во нашата пријателска земја Труција.
– За кого се црните пари од Турција наменети за Македонија, праша Радмила Шекеринска на денешната седница во Собранието посветена на пратеничките прашања.
Таа го праша премиерот, за скандалот во Турција поврзан со „Халк банка“ кој доведе до оставаки во кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во кој се откри дека над 900 илјади евра нелегално влегле во Македонија.
– Страшната информација, во некои похрабри медиуми, е дека 900 илјади евра, влегле во Македонија. Премиере, како во нашата држава можат да стигнат речиси милион евра во кеш? Пред една година МВР се пофали дека се фатени на граница 20 илјади евра, но нема вест за овие милион евра. Се надевам дека ги следите медиумите.
На каков начин во Македонија успеваат да влезат милион евра во кеш?
Дали тоа некој го регистрирал и за кого биле тие пари? Или, тоа се ситни пари за премиерот.
Факт е дека овие милион евра не биле влезени по нормален пат, бидејќи самиот директотр на банката одлучил дека не може да ги трансферира во сопстевната банка, туку мора да ги чува дома во кутии, па дека на ваков начин можел да ги префрли во Македонија. Дали МВР проверува какви се чевли влегуваат во нашата држава? Сакам директен одговор без заобиколувања и без премолчување на скандалот, рече Шекеринска.
Таа праша и како е можно во Македонија нелегално да циркулираат и други трансфер на големи пари, што го наведува реномирана светска институција.
Министерот за финансии Зоран Ставрески за првото прашање рече дека слушнал големи бројки, но малку аргументи.
-Пратеничката бара информации за политички случувања во Турција за кои истрагата е во тек и за кои нема доволно проверени информации. Ако сте регистрирале влез на милион евра, тогаш сте должни тоа да го пријавите. Донации се една работа, а банкарски трансфери се друга работа и се пријавуваат и за суми поголеми од над 10 илјади евра. Бидејќи не кажувате на кој начин е извршена евентуална трансакција и затоа ја сметам за шпекулација. Нашите органи регистрираат секоја трансакција поголема од износот од 10 илјади евра, рече Ставрески.
Шекеринска реагираше дека избегнувањето на одговори е пракса на Владата. Исто како што премиерот, на минатата седница, одговори дека прашање треба да го упатам до Сашо Мијалков.




