Published: Thursday, December 26, 2013 13:26
Утре, на 27 декември, во Дуна – Клубот на новинари Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници ја стартува првата акција за собирање средства за Солидарен фонд наменет за помош на колеги.
Новинарскиот бенд „Репортери“ кои се иницијатори на акцијата „Солидарност за слобода“ во чии рамки се изготвува музичко Це-Де ќе ни овозможат да слушнеме две песни што веќе се снимени како и спот на нумерата „Слобода“.
ССНМ со покана – утре во 20.30 часот на предновогодишна дружба и забава, да ја искажеме својата солидарност со колегите и професијата.
20 проценти од средствата од продадените пијалоци, како и доброволните прилози ќе влезат во Солидарниот фонд.




