Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеуште трае протестот кај Пластичарска, ЕВН и жителите со спротиставени ставови

0
By Влатко Чаловски on December 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 26, 2013 14:39


Втор ден траат протестите на „Пластичарска“ а тврдењата од ЕВН и оние на демонстрантите се спротиставени. Од ЕВН за НОВА велат дека се работи за дефект од преоптоварување на трафостаницата која го снабдува регионот со струја, додека жителите велат намерно е исклучена и страдаат поради неколку неплаќачи.

-Апелираме до граѓаните да се смират страстите и да ни се дозволи да го поправиме дефектот со цел да се регулира и соодветно да се користи електричната енергија, велат од ЕВН.

Според информациите, се случиле два помали инцидента, кога работници на ЕВН кои на терен не биле поради проблемот со трафостаницата, биле спречени од жителите а потоа со интервенција на полицијата ситуацијата се смирила. Таквите тврдења жителите кои „чуваат стража“ до трансформаторот ги отфрлаат и велат дека се измислици.

Како што соопштија од ЕВН за НОВА, другиот инцидент се случил изутринава околу 4 часот, кога еден од жителите влегол во трафостаницата мислејќи дека од ЕВН интервенирале, со што го довел во опасност и својот и животот на другите кои ја користат струјата во тој регион. И за овие тврдења жителите велат дека се лажни и дека се смислени со цел вината да им се префрли на нив а не на ЕВН.

На прашањето дали стравуваат од кривични пријави за оние кои крадат, и тужби за неплаќачите, како што наведоа од ЕВН, жителите велат подготвени се да одат на суд, бидејќи тие не направиле ништо противзаконско и дека проблемот „не лежи“ во нив.

„Дојдоа од ЕВН и рекоа дека требало да постават нов дигитален саат, и поставија, не сфаќаме во што е проблемот. Дезинформација е дека не дозволуваме да се направи трафостаницата и не се плашиме од кривични пријави. Нека дојдат во секое време“, изјави еден од штрајкувачите.

Тие бараат да се вклучи струјата а потоа институциите да ги преземат соодветните мерки, бидејќи вака народот измрзнува на ниските температури.

Воедно во зголемено присуство на полицијата, минатата вечер, како и изутринава сообраќајот се одвиваше многу тешко, Пластичарската улица и околните сообраќајници беа блокирани, по што возилата беа пренасочени во правец кон Кале или Железара.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.