Published: Thursday, December 26, 2013 15:36
Двајца полицајци се полесно повредени пред скопскиот Кривичен суд, откако спречиле најверојатно обид за бегство на затвореник, јавува Прес24.
До инцидентот дошло кога полицијата спроведувала еден затвореник на судско рочиште. Во тој момент, роднина на затвореникот, 19- годишниот Алими Арсим ги нападнал судските полицајци, Трифун Б. (38) и Фатмир Р. (29), кои се повредени.
Напаѓачот веднаш бил приведен. За инцидентот се уште нема никакви официјални информации од МВР.




