Да заврши истрагата на МВР за кражбата на артефактите од Музејот на Македонија, па тогаш ќе се одлучува за одговорноста и казните на одговорните, напомена денеска министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
– Ќе се преземат сериозни мерки. Не би давала какви било коментари додека не заврши истрагата. Пралелно со истрагата во Музејот на Македонија, во завршна фаза е инспектирањето на голем број останати музеи и заводи од инспекциските служби на Министерството за култура и ќе излеземе со целосен извештај, вели Канческа-Милевска.
Според неа директорите и вработените имаат голема одговорност за чувањето, евидентирањето и изнесувањето на културното наследство и треба да ги спровдуваат законските процедури и правилници за соодветната дејност, и избегнува одговорност во Министерството со кое раководи таа.
-Министерството за култура и неговите вработени не се одговорни во однос на нешто што е одговорнст на самата институција, изјави Министерката за култура.
Министерството за култура во 2014 ќе има буџет од 3,9 милијарди денари, што е за 11,6 % повеќе од 2013 година. Од вкупниот буџет, околу 16 милиони евра се за програмските активности во дејностите од културата.
Министерството поддржало над 2.500 проекти на национални и локални установи, здруженија, невладин сектор и на поединци.




